• Latest

Десетгодишната фотосинтеза на најпознатиот фикус

May 10, 2019

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Десетгодишната фотосинтеза на најпознатиот фикус

May 10, 2019 16:09
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Маја Ивановска

Иако е навистина тешко и речиси невозможно да се соберат сите постапки на еден претседател на држава, без разлика на тоа дали тие е се смешни, трагични или, пак, можеби оправдани (последнава категорија е за нормални држави и нивните лидери), во една единствена содржина, па макар станувало збор и за Иванов, ЦИВИЛ Медиа ќе се обиде да ги долови десетте години на оваа личност на функцијата претседател на државата.

12 мај 2009 година, инаугурација на Ѓорѓе Иванов, утринско кафе со г.г. Стефан и попладневен чај со реисот Сулејман Реџепи, со благослови за успешен почеток на она што тогаш можеби мислевме дека ќе биде претседател на држава, а излезе дека е многу помалку од тоа.

Во своите 10 години како претседател, Иванов и со она малку што успеавме да го слушнеме од него, успеа да се искачи највисоко на листата на функционери со најголем број на гафови и глупости, со што направи да биде речиси невозможно да се достигне „врвот“ во наредните 100.

Неговата десетгодишна кариера ја одбележаа две големи кризи, мигрантската и политичката криза за која тој имаше значителен придонес, поддржувајќи го режимот на Груевски и криминалите на неговата партија.

Иванов е првиот претседател на државата во која владее „космодиск демократија“ – дијагноза која тој самиот ја постави уште пред да биде избран на функцијата. „На реклама за космодиск викаат шашаво изгледа, ама функционира. Нашава демократија е како космодиск демократија – на некого може шашаво му изгледа, ама Македонија функционира“, изјави Иванов на само два месеци пред да биде претседател, и би претседател.

Во низата мудрости на човекот наречен Фикус, токму поради реткоста на неговите обраќања, значително место зазеде и разумниот компромис, затоа што „разумен компромис е разумен компромис и нема што тука да се објаснува“, дури ни тогаш кога го прашувате претседателот за неговиот став околу името на државата којашто ја води.

Понатаму, следеше дружењето со нашите „братучеди“, кралот и кралицата на Хунзите од Пакистан, кои наводно биле потомци на Александар Македонски и братски народ на Македонците.

Дознавме за неверојатната способност на претседателот за време на бербата на калинки. Понатаму, од претседателот дознавме дека „антисемитизам е кога Евреите се мразат повеќе од потребното“… Дознавме и дека една од главните тактики на Иванов во спроведувањето на меѓународната политика е намигнувањето. Потег со кој успеа да го „освои“ дури и поранешниот претседател на САД, Барак Обама. Исто така, дознавме и дека Иванов сака да го чита францускиот писател Александар Дима. Се шегуваме, не го читал. Тој само онака си истреска дека „нема ништо поуспешно од успех“, да не се лажеме!

Она што можеби најмногу го „прослави“ Иванов, се разбира во негативна конотација, во светски рамки, беше интервјуто за германскиот Билд во врска со мигрантската криза.

„Ние секој пат сме биле жртва на пропустите и немоќта на европските институции. Не прашал некој како сме преживеале 25 години? Сè уште немаме добиено едно евро од Европската Унија, а 25 милиони сме потрошиле!“, пукна Иванов во сред интервју.

Или како што напиша нашиот колега Станковиќ во 2016:

„Во шокантното интервју, досега молчаливиот македонски претседател, кој на изненадување на луѓето кои го познаваа од времето на неговата професура, редовно и беспоговорно, ги аминуваше сите одлуки на извршната власт, сега реши да ги вади костените од оган за Фамилијата, да им дели лекции на ЕУ и на меѓународната заедница, и трагикомично, како Калимеро, да ја жали Македонија и да извика – „Никој не нè сака“! Кутриот прв жител на државата која сам ја нарекува „предадената и напуштена земја“, човекот кој збор не кажа за десетгодишното национално предавство со трошењето на шест или седум стотини милиони евра од парите на граѓаните – за карикатуралното билдање на некаков нов национален идентитет, (период во кој се киднапираа институциите, се партизираше и последната клетка на државата, и паралелно, поради неписменост и недоветност на апаратчиците со партиска униформа или поради гол  криминал, беа девастирани јавното здравство, полицијата, судството, образованието, дипломатијата, економијата…), ниту за 600 илјади луѓе кои не обѕирајќи се, избегаа од Татковината, роднините, пријателите, сопственото минато…“.

Рековме, најмногу го прослави? Не мислевме на тоа. Најголемата слава Иванов ја достигна со аболицирањето на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за чии криминали јавноста дозна преку прислушуваните разговори. Оваа негова одлука резултираше со жестоки протести пред неговата канцеларија, по што тој ја повлече аболицијата. Оваа негова постапка е само една од многуте одлуки донесени на штета на државата. Не се за заборавање ниту одбивањето од страна на Иванов да ги потпише Законот за јазици, Договорот за Грција, Уставните измени и сите закони донесени по стапувањето на сила на измените на Уставот. Тој дури го критикуваше Договорот на денот кога земјата го потпиша протоколот за членство во НАТО, иако без него протоколот ќе останеше непотпишан.

Последно во низата никогаш непреболени и непрежалени глупости на претседателот е и неговата изјава за време на посетата на Папата Франциск. Како и секогаш, Иванов ја искористи оваа прилика, како и сите останати во неговите два мандати, кога целата светска јавност е свртена кон него, за да се пожали на поделеноста на општеството и сериозната состојба во која се наоѓа државата, не сфаќајќи дека на тој начин само ја потврдува својата неспособност, имајќи предвид дека токму тој, десет години е на чело на државата која ја „критикува“.

Без разлика на сите овие, и сигурно уште толку, глупости на Иванов, тој ќе остане забележан како четвртиот претседател на Република Северна Македонија, кој на оваа функција остана цели 10 години. Човек кој успеа да „преживее“ импичмент. И, секако, човек кој допрва ќе ги ужива привилегиите како поранешен претседател, што во превод значи дека Иванов доживотно ќе зема пензија во висина на платата на актуелниот претседател на државата, ќе има своја канцеларија, која нема да биде на Водно, туку ни помалку ни повеќе во комплексот на Џевахир, каде ќе има тројца соработници, лично обезбедување, службено возило и шофер.

Денеска е последниот работен ден на Иванов, како претседател на државата. Од понеделник ќе продолжиме да го храниме фикусот, кој наместо кислород, најверојатно ќе продолжи да произведува отрови… На здравје нека ни е!

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Share257Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ