Десетици илјади цивили се заробени во Чернихов, оставени без гас, вода и без струја, по месец дена тешки борби, пренесува МИА.
Чернихов, што се наоѓа на бреговите на реката Десна, беше меѓу првите украински градови нападнати од руските трупи.
Месец дена подоцна, градот е практично отсечен од остатокот од земјата.
– Не постои сигурен излез, изјави за Би-Би-Си гувернерот на Чернихов, Владислав Чаус.
Украина денеска нема да отвори ниту еден хуманитарен коридор откако разузнавачките информации укажуваат на можни руски „провокации“ долж рутите за евакуација.
Коридорите се наменети за евакуација на цивилите од опасните области.
Украина ја обвини руските сили дека ги напаѓала рутите за евакуација.