• Latest

Бруталната реалност на московско-пекиншкиот „мултиполарен“ свет

September 11, 2025
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Бруталната реалност на московско-пекиншкиот „мултиполарен“ свет

September 11, 2025 10:13
in КОМПАС, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Децении наназад, граѓаните на Северна Македонија се борат — сè уште се борат — со духовите од минатото, со поделбите и, пред сè, со културата на корупцијата. И покрај сето тоа, земјата живее во надеж за приклучување кон европското семејство. Патот е долг и тежок, често неправеден. Но секогаш е воден од една вистина: местото на земјата е во Европа.

Меѓутоа, еден опасен наратив станува сè погласен во дел од медиумите и политиката: дека Европа е империја во распад, дека е „мит“ што треба да се напушти, и дека спасот е во т.н. „мултиполарен свет“ предводен од Москва и Пекинг. Ова не се гласови на независни креатори на јавното мислење или носители на одлуки. Тие се ехо на кремљовските пропагандни наративи, обвиени во националистичка реторика, создадени да дезориентираат и поларизираат, и да ја прекинат европската приказна на Северна Македонија.

Да, ЕУ е несовршена. Да, популизмот, нееднаквоста и кризите им тежат на нејзините граѓани. Но европските проблеми се решаваат во парламентите и институциите, преку слободни медиуми, во судовите и на протести — отворено и јавно. Тоа е суштината на демократијата: отворено да се бориме како да ги подобриме нашите општества.

Споредете го тоа со Москва, каде што озлогласени криминалци и воени злосторници парадираат неказнети, каде што несогласувањето е задушено, а сиромаштијата и насилството се системски. Споредете го со Пекинг, каде што тишината е задолжителна, а лојалноста кон Партијата е единствена гаранција за опстанок. Да се тврди дека овие режими се „алтернатива“ не е реализам. Тоа е покорување под чизмата на авторитаризмот.

Toa што се продава како „мултиполарност“ не е ништо друго освен потчинување на тираните кои сонуваат за враќање на своите империи. Но нивните соништа се кошмар за другите народи. Пирамидален свет без слобода, каде силните диктираат, а малите се покоруваат. Таму каде што т.н. „сфери на влијание“ ја одземаат сувереноста и се претвораат во постојан страв од агресија и окупација, наметнати од тоталитарни режими. Тоа не е мултиполарност – тоа е владеење на малкумина врз мнозинството чија волја е скршена и достоинството прегазено.

Украина се осмели да избере слобода — и беше нападната. Белорусија ѝ се предаде на Москва — и целосно ја изгуби независноста. Дали овој „мултиполарен свет“ е оној во кој малите нации треба да се приклучат? Свет во кој луѓето се замолчени, зависни, исплашени и потрошна стока?

Оние што се жалат на „диктатите на Брисел“ ја игнорираат очигледната вистина: европската интеграција е доброволна. Таа се гради врз договори, преговори и взаемност. Да, бара реформи — но тоа се реформи што самите граѓани во земјите-кандидати ги бараат: владеење на правото, одговорни институции, заштита на човековите права и слободи.

Оние што се жалат на „диктатите на Брисел“ ја игнорираат очигледната вистина: европската интеграција е доброволна.

Москва не нуди таков договор. Само зависност. Пекинг не нуди партнерство. Само долгови и тишина. Тоа не е сувереност — тоа е потчинетост. Во московско-пекиншкиот „мултиполарен“ поредок, сувереноста е лажна до срж, а потчинетоста е брутално реална. Тој се темели на лажни наративи сервирани на масите и злокобната поддршка за локалните авторитарни марионети.

Во московско-пекиншкиот „мултиполарен“ поредок, сувереноста е лажна до срж, а потчинетоста е брутално реална.

Откажувањето од Европа не е неутрален избор. Тоа значи усогласување со режими под санкции, режими што затвораат поети, трујат противници, мачат и убиваат интелектуалци и новинари и бришат нации. Тоа значи предавство на НАТО-сојузниците кои ја гарантираат безбедноста на нациите, вклучувајќи ги и малите. Тоа значи предавство на жртвите — и на сеќавањето — на граѓаните кои станаа и се бореа за демократија.

Запомнете: оние што проповедаат „напуштање на Европа“ никогаш не се откажуваат од своите ЕУ-пасоши, стипендии или бизниси. Тие ја замислуваат Северна Македонија како изолирана, додека нивните семејства ги уживаат слободите на Виена, Берлин или Торонто.

Европа не е совршена. Но тоа е единствениот проект каде што Северна Македонија може да обезбеди достоинство, демократија и иднина. Европа не е мит, туку реалност. Мит е дека „Москва и Пекинг ги почитуваат малите нации“. Историјата го докажала тоа многупати: тие ги голтаат малите нации и ги туркаат во сиромаштија, потчинетост и крв.

Северна Македонија стои на крстопат. Може да остане на тешкиот, понекогаш фрустрирачки, но демократски пат кон Европа. Или може да потоне во канџите на самопрогласени империи кои нудат само тишина, сиромаштија и синџири. И смрт.

Изборот не може да биде појасен.


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторот и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на Редакцијата или организацијата.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ