• Latest

Десетици Руси загинале во борбите во Херсон, соопштуваат од Украинската армија

July 30, 2022
Фото: Скриншот

Белата куќа соопшти дека САД запреле испораки на оружје за Украина

July 2, 2025

Украина изврши еден од своите најдлабоки напади со беспилотни летала во Русија

July 2, 2025

Инженери на Македонија: Дали неточниот часовник на броилата е случајност или систематска пракса на ЕВН?

July 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Трамп изјави дека Израел се согласил со условите за 60-дневен прекин на огнот во Газа

July 2, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Десетици Руси загинале во борбите во Херсон, соопштуваат од Украинската армија

July 30, 2022 10:04
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинската војска утринава соопшти дека убила десетици руски војници и уништила две складишта со муниција во борбите во регионот Херсон, центарот на контраофанзивата на Киев на југот на земјата и клучната врска со линиите за снабдување на Москва, пренесе МИА.

Железничкиот сообраќај до Херсон преку реката Дњепар е прекинат, соопшти јужната команда на војската, што потенцијално дополнително ќе ги изолира руските сили западно од реката од залихите во окупираниот Крим и на исток.

Украина во последните неколку недели користеше ракетни системи со долг дострел испорачани од Запад и тешко оштети три моста над реката Дњепар, отсекувајќи го градот Херсон и оставајќи ја 49-та руска армија стационирана на западниот брег на реката многу ранлива, проценуваат британски функционери од одбраната.

– Како резултат на огнот кој воспостави контрола над главните сообраќајни врски на окупираната територија, утврдено е дека сообраќајот преку железничкиот мост над реката Дњепар не е возможен, се вели во соопштението на украинската јужна команда.

Во соопштението се наведува дека повеќе од 100 руски војници и седум тенкови биле уништени во вчерашните борби во регионот Херсон, првиот голем град заземен од Русите по инвазијата врз Украина на 24 февруари. Првиот заменик-шеф на регионалниот совет на Херсон, Јуриј Соболевски, им порача на жителите да се држат настрана од депонии за руска муниција.

– Украинската армија се бори против Русите и ова е само почеток, напиша тој на Телеграм.

Според проукраинскиот гувернер на областа Херсон, Дмитри Бутри, областа Берислав е особено погодена. Берислав се наоѓа преку реката, северозападно од хидроцентралата Каховка.

– Во некои села ниту една куќа не остана недопрена, целата инфраструктура е уништена, луѓето живеат во подруми, напиша тој на Телеграм.

Светските агенции чии известувачи се на терен нагласија дека не можат независно да ги проверат овие извештаи, а претставници на руската администрација која управува со регионот Херсон претходно оваа недела ги отфрли западните и украинските проценти на ситуацијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ