• Latest

Дескоска: Изјавата на Џафери им даде аргумент за одложување на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство

March 29, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дескоска: Изјавата на Џафери им даде аргумент за одложување на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство

March 29, 2019 18:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за правда интегрално ги пренесе одговорите на министерката Рената Дескоска, на новинарски прашања по одбележувањето на  „Денот на правосудството“.

Во однос на процесот на консултации со ВМРО-ДПМНЕ, Дескоска изјави:

“Вчера имавме средби буквално со сите пратенички групи во Собранието. Разговаравме и со ВМРО-ДПМНЕ околу нивните амандмани, јас кажав дека генерално нивните амандмани можеме да ги групираме во три гурпи. Едната се однесува за амандмани за статусот за СЈО. Сите пораки коишто доаѓаат од меѓународната заедница особено од ЕУ е дека треба да биде посебен орган, а не да се претопи во некои од постојните јавни обвинителства. Вториот дел е околу доказните средства коишто се прибрани во постапките коишто се почнати од СЈО. Ние не би смееле да дозволиме со никаква правна норма да овозможиме амнестирање заради уништување на докази коишто веќе се прибрани. Не зборуваме за аудио снимките, него за материјални докази коишто се прибрани врз основа на снимките како индиции. Третиот дел се амандмани коишто повеќе или помалку можеме да ги дебатираме и има простор за разговор, но, овие две клучни области се главниот камен на сопнување. Заклучокот беше дека ВМРО-ДПМНЕ треба да направи консултации со цел да ги усогласи своите ставови со препораките на меѓународната заедница, бидејќи закон само заради носење на закон не е нешто што ќе ни овозможи носење на закон. Ни предстои процес на понатамошна работа за обезбедување двотретинско мнозинство, вчера не можеме да кажеме дека беа успешни разговорите“.

Во однос на изјавата на претседателот на Собранието околу работата на Собранието во изборниот период, министерката Дескоска го даде следниот коментар:

“Претседателот на Собранието е тој којшто може да закаже седница. Владата, министерството, може да побараат, имајќи ја во предвид ургентноста за определени прашања, исто така како што судовите може да побараат симнување на имунитет на одредени пратеници, но на крај останува на претседателот на Собранието да цени во која насока ќе го применува и како ќе го применува деловникот и правилата за работа. Јас очекувам дека сите толкувања на правните норми врз основа на коишто работи Собранието ќе бидат во насока на обезбедување на сите услови и можности за олеснување на процесот на евроинтеграција. Ако се постигне консензус, очекувам дека ќе има седница, но секако седницата ја закажува претседателот на Собранието.

Морам да констатирам дека за жал, вчерашната изјава имаше и одредено свое влијание во преговорите коишто се водеа со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тоа на некој начин им даде аргумент за одложување на процесот на преговарање, со тоа што се истакна дека практично ако претседателот на Собранието не закажува седница, дека нема потреба да брзаме. Јас апелирам до сите политичари во наредниот период да го помогнат процесот на разговори за обезбедување на двотретинско мнозинство за закон којшто е значаен за евроинтеграциските процеси на нашата држава“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ