• Latest

Дескоски: Арбитражата е стандардна процедура во секој меѓународен договор

May 23, 2023
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Дескоски: Арбитражата е стандардна процедура во секој меѓународен договор

May 23, 2023 15:53
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот Љубиша Николовски направи интервју со професорот Тони Дескоски.

Цивил: Во презентирањето на договорот имаме две страни, едната страна е свиркачот преку кој опозицијата обвинуваше и од друга страна власта која демантираше сè, но како да остана да виси во воздух дека има некоја тајна. Дали станува збор за тајна или пак за доверливост, што содржат обично ваквите договори?

Дескоски: Законска обврска за доверливост не постои. Договорните страни имаат опција самите да се договорат: договорот да биде доверлив или да биде доверлив до некој временски момент. На пример, таква клаузула имаше во еден договор кој е јавно објавен па сега можеме да го коментираме, а тоа е договорот за продажба на акции во поранешното електростопанство, сегашно ЕВН. Таму клаузулата беше во текот на преговорите до склучување на договорот сè да биде тајно. Зад тоа доверливоста веќе ја нема како договорна обврска од двете страни. Но законска обврска нема зашто не е државна тајна. Едностевно двете страни се обврзуваат да не изнесуваат податоци надвор во јавноста.

Цивил: Дали вакви договори често вклучуваат и клаузула за арбитража доколку дојде до спор во изведување на работите?

Дескоски: Споровите се нешто што е состевен дел на секоја трговска зделка. Од наједноставна до најкомплицирана. Овие комплицираните се поверојатни дури и околу безначајни прашања. Кога страните влегуваат во договор мислат дека сè им е јасно и дека нема да има никаков проблем, меѓутоа секој деловен субјект знае дека реализацијата на било кој договор отвора можност или носи ризик за спор. И како во реалниот живот се справуваме со ризици склучувате полиса за осигурување. Така и деловните субјекти ризикот наречен спор со другата страна го пресретнуваат на тој начин што вметнуваат соодветни клаузули.

Клаузулите што се однесуваат за споровите се обично на крајот од договорот со ситни букви. Во нив прво нешто е каде ќе се решава спорот, пред суд или арбитража и второ по кое право ќе се решава. Ова од причина што во меѓународните зделки најчесто станува збор за субјекти од различни држави, помеѓу страни кои не се познаваат. Уште помалку ги познаваат правните системи на другиот.

Во современиот свет највообичаен начин на решавање на спорови што го има прифатено деловната заедница е преку арбитража. Тоа е налик на суд, во кој страните изнесуваат докази, се држи рочиште, се испитуваат сведоци, се е како на суд ама е приватно тело кое е многу поефикасно од судот, а на крајот се носи одлука што е рамна на судска пресуда, ама е надвор од државните судски системи.

Цивил: Има повеќе арбитражни судови во светот, кој ќе биде избран е веројатно прашање на договор на двете страни?

Дескоски: Апсолутно, првата и основна работа е како што реков преку 80 отсто од трговските договори барем во овој западниот свет кон кој што и ние инклинираме се вградува арбитражна клаузула. Има многу арботражни институции во светот, има неколку што се водечки, онака би ги нарекле Ролс Ројс на арбитражата, но има и многу други. Во тој домен совршено е вообичаено кога имате трговски договор и од ваков тип за инфраструктурен проект да биде вклучена арбитражна клаузула. Уште повеќе за договорите за градење како што се за автопатиштава обично се склучуваат по однапред изготвени теркови. Најраспространетиот таков терк е модел договорот на Фидик. Тоа е светска федерација на инженери. Тоа е општо прифатен терк во светот. Составен дел на фидик системот е арбитражата и тоа при Меѓународната трговска Комора во Париз.

Цивил: По кое право се решава таму по континентално на кое инсистира опозициската ВМРО-ДПМНЕ или англосаксонското кое е наводно во договорот?

Дескоски: Повторно зборуваме за договори. Кај договорите важи едно основно правило а тоа е слобода. Слобода на договарање. Таквата слобода се одразува и на правото по кое ќе се решава кое ние стручно го викаме меродавно право. Ако вие можете да се договорите дали ќе платите милијарда и или две милијарди долари или дали тоа ќе се изведе за една или две години, логично е правниот систем во сите земји во светот да ви дозволи да си изберете право по кое ќе ви се решаваат евентуалните спорови кои ќе настанат при реализација на договорот.

Втората каректеристика на сите прекугранични зделки како оваа е избор на меродавно право и обично тука страните настојуваат да ги реализираат своите интереси. Странските субјекти кои влегуваат во зделка со држава имаат отпор кон прифаќање на правото на таа држава за решавање на споровите. Ова меѓу другото и затоа што државата им е контра страна, договарач а во исто време по нејзиното право да се применуваат правилата. Затоа обично се прибегнува да се избере некое неутрално право. Најчесто избирано е швајцарското право како пример на земја што има високо развиен правен систем, познат и лесно достапен. Втор чест правен систем кој се избира е Англија и Велс. Зошто, заради широката слобода на страните. Во наша пракса Англија и Влес беше избрано како меродавно право во договорот со ТАРБС. Тогаш државата беше и тужена и пред суд во Англија затоа што така се договорила со инвеститорот ТАРБС. Мислам дека во уште еден голем договор за купопродажба на акции во приватизационен договор е избран Англија и Влес. Така што и нашава држава претходно и сега и во иднина не треба да не чуди што избира или се согласува со примена на странско право, особено ако е неутрално.

Цивил: Добро не можеме да избегаме од политика бидејки и девте сграни користат стручни термини. Власта беше обвинета дека го одбрала токму ова право на Англија, Велс и дека на тој начин е суспендирано македонското право.

Дескоски: Во договорни односи не може да биде суспендирано зашто кај договорите се е слобода на договарање. Ако ние имаме законодавство што на договорните страни им дозволува во прекуграничните односи да избираат меродавно право значи не го суспендирате туку напротив го ползувате. Од тој аспект тоа е погрешен начин на размислување. Малку етатистички, малку од некои други времиња. Суштината е во сферата на меѓународните трговски зделки имате соодветен апаратус. Апартусот се одразува и нормативно. И тој ви дава многу широлка слобода на договарање. Слобода на договарање на клаузулите во договорот за која цена што е предмет на договор. Исто така ви дозволува слобода на избор на меродавно право.

Цивил: Професоре арбитража се прави за нешто што не е исполнето во договорот како што двете страни очекувале. Какови пенали плаќа државата, а какви изведувачот?

Дескоски: Договорот е збир на взаемни права и обврски. Едниот треба да испорача другиот треба да плати. Најголема повреда што државата може да ја направи е да не плати или да не плати на време. Пенал е паричен износ што го плаќа градежникот ако доцни со роковите за изведба. Тогаш се плаќа пенал и што е стандардно 0,1 процент за дневно доцнење од вредноста на договорот или 0,05. ако градежникот доцни сто дена доаѓа до некоја сума од десет посто од вредноста на проектот. Спорови ќе има, дали ќе завршат на арбитража зависи од тоа дали страните ќе успеат да се нагодат и разберат претходно. Но и да завршат на арбитража тоа не е крај на светот. Животот продолжува.

Љубиша Николовски
камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ