Јован Деспотовски вчера и официјално ја поднесе кандидатурата за иден лидер на неговата партија. Порача дека СДСМ е во тешка ситуација и треба нов почеток. Најави дека тој и неговиот тим ќе работат за да биде „нова партија на сите граѓани“.
„#НОВ ПОЧЕТОК, НОВ СДСМ е храбра нова програма заснована на колективно лидерство, инклузивност и директна демократија. За партија од која нема да се срамиме, партија која е наша, на сите подеднакво, а не на поединци, не на структури и интересни групи.
За НОВ СДСМ во кој има место за сите. Нудиме концепт што обединува, а не фаворизира.
За НОВ СДСМ во кој воведуваме систем на мерливост на резултатите од политиките што ги носиме.
За НОВ СДСМ во кој нема да зборуваме, туку ќе дејствуваме.
За НОВ СДСМ во кој секој глас се слуша.
Ве поканувам да го посетите мојот вебсајт https://novpocetok.mk/ каде ќе можете да добиете повеќе информации околу платформата НОВ ПОЧЕТОК, НОВ СДСМ. Но и да ги најдете потребните информации околу регистрацијата на членовите за гласањето на внатрепартиските избори.
Вашите предлози, поддршка и желба за вистински промени значат многу и сум ви искрено благодарен на сите за истите.
За НОВ ПОЧЕТОК, НОВ СДСМ!
Фејсбук статус на Јован Деспотовски.