• Latest

Дезинформациите како оружје во војната за енергенси

October 5, 2022

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформациите како оружје во војната за енергенси

October 5, 2022 15:04
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА
Share on FacebookShare on Twitter

Секоја војна се води на повеќе фронтови. Во однос на војната во Украина, најстрашна е онаа што се одвива на теренот каде што секојдневно се губат животи, се уништуваат цивилни објекти, а трагедијата и бесмисленоста на војната секој ден остава длабоки лузни во душата на луѓето. Војна се води и на полето на дипломатијата, но она што за првпат се случува и ќе биде запишано во историските хроники за 21 век, е дека во оваа ера сме сведоци на војна со или за енергенси, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Дури сега станува јасно колку е силно руското влијание, особено во Европа, кога со децении претходно ја „движеше“ европската економија и прогрес со евтин енергенс – природниот гас. Секој нов гасовод (Северен ток 1, Северен ток 2, Сојуз, Братство, Северна светлина, Јужен тек, Трансгас…), беше како нова инфузија во крвотокот на Европа.

Фото: Мапа со гасоводите од Русија до Европа. Автор: Samuel Bailey, Википедија

Кога на 6 септември оваа година Гаспром широко го распространи видеото во кое во првиот кадар се затвора славината и стрелката на мерачот на протокот на гас се спушта на нула, веќе никој немаше никакви резерви дека сме сведоци на војната со енергенси.

Тое беше една од кулминациите на пропагандната војна кога веќе се расчистија сите дилеми дека гасот и нафтата станаа муниција за дезинформациите.

Војната за енергенси – Случајот Македонија

Во очекување на долгата „студена“ зима, за која сега ниту политичарите во земјата не кријат дека е пред нас, С. Македонија не е нем набљудувач, но колку ќе бидат ефикасни мерките и политиките што се преземаат за ублажување на ударот, останува неизвесно затоа што има премногу отворени прашања, а нови се наметнуваат со секој нареден ден.

Во меѓувреме, паралелно со економската војна за обезбедување гас за подолг период или „за другите алтернативи мазутот и јагленот“, државата на ниту еден начин не смее да ја игнорира борбата за спречување на дезинформациите. Нивна првенствена цел е да ја поткопаат и целосно да ја расколебаат јавноста во мерките и политиките на Владата и на надлежните институции за обезбедување на неопходните услови за надминување на заканите од енергетската криза.

Како и многупати претходно, најголемата опозициска политичка во Македонија, наместо да се солидаризира и да учествува одговорно во напорите за надминување, зазеде позиција да критикува само за да стекне политички поени од кризата.

Токму оваа партија, уште во средината на јануари оваа година, неполни триесетина дена од почетокот на војната во Украина и кога стана јасно дека рускиот гас станува оружје во таа војна, излезе со соопштение во кое тврдеше дека:

Доколку владата на Заев и пиунот Ковачевски се потрудеше да обезбеди на меѓународниот пазар како сите влади од регионот и светот да обезбеди евтин гас, македонските компании и граѓани сега немаше да плаќаат најскап гас. Граѓаните сега плаќаат поскапо парно, затоа што владата не обезбеди ниски цени на гасот, кога тоа го правеа владите на другите држави.

Контраспинот на Вистиномер, „Контраспин: Високите увозни цени на гасот не се поврзани со владините преговарачки способности“, ја разобличува дезинформацијата пласирана во соопштението, „бидејќи иако формално правно Владата се договара за цената на гасот со Русите, сепак, нејзината улога и влијанието врз цената, според горенаведените причини е многу мала. Многу повеќе станува збор за обид за влијание на руската страна врз геополитичката ситуација во регионот, отколку за вистински економски преговори преку кои македонската страна би имала некое влијание врз цената“.

Набргу потоа, динамиката на дезинформациите се засили со почетокот на војната и со првичниот напредок на руските окупаторски сили на територијата на Украина, кога Русија, како одговор на економските и политичките санкции кон Москва, одлучи да ја прекине испораката за гас за некои европски земји, меѓу кои и Бугарија.

Веднаш потоа, следуваа повеќе дезинформации или полувистините информации како веста на порталот Инфомакс на 20 март со наслов „Македонија ќе остане без гас? – Испораката доведена во опасност, Бугарија се откажува од рускиот гас“.

Она што е типично за овој тип дезинформации, е дека освен насловот, во содржината на информацијата воопшто не станува збор за Македонија, туку за Бугарија и за нејзината ситуација во која ќе се најде ако биде прекинат гасот од Русија, и за реакцијата за претседателот на Србија, Александар Вучиќ во врска со ова прашање.

Манипулацијата на вака структурираната вест е уште повидлива ако се знае дека парафразираната изјава на српскиот претседател не е точно пренесена и со тоа наведува на погрешен заклучок затоа што во изворниот коментар претседателот Вучиќ посочува дека прекинот на гасот за Бугарија не го попречува транзитот на гасот за другите земји кои имаат договор со Гаспром.

И навистина е така. Северна Македонија е доказ за тоа бидејќи иако Кремљ ја запре испораката за гас за Бугарија, тој низ дистрибутивната мрежа, која преку оваа земја доаѓа кај нас, не беше, и ден денеска не е прекинат, иако телевизија Алфа, исто така, зеде учество во пласирањето дезинформации за оваа тема со телевизискиот прилог со наслов „Русија ги запира вентилите со гас за  Бугарија, Македонија засега има гас, но прашање е до кога“.

Војната во Украина ќе ја забрза имплементацијата на Зелената Агенда

На тоа какви се цените на гасот и како, заедно со дезинформациите, станаа оружје во војната на Путин и влијанието на Русија, укажува илустративната експликација на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Трошокот за производството на илјада кубни метри гас, за Гаспром во 2020 година изнесувал околу 40 американски долари. Не верувам дека нешто им се качиле трошоците во 2021 или оваа година. Еве да го додадеме и максималниот трошок за транспорт, цената најмногу достигнува до 100 долари за 1.000 кубни метри сибирски гас. На крајот на август оваа година цената на гасот на Гаспром достигна 2.900 долари за илјада кубни метри. Ете така се финансира војната во Украина, вели Бислимовски од РКЕ во разговор за потребите за оваа анализа.

Во оваа насока, ќе остане запаметена изјавата на поранешниот министер за животна средина во Владата на Бугарија, Јулијан Попов кој рече дека „кога преговарате со Гаспром, всушност преговарате со Министерството за одбрана на Русија“.

И Митко Андреевски, еден од најупатените енергетски консултанти во Македонија, е на мислење дека Европа разгледува неколку сценарија и дека ќе најде начин да се справи со оваа закана.

Дали ќе има штета? Ќе има! Дали ќе се справи? Ќе се справи, затоа што да не заборавиме ЕУ бездруго со Зелената агенда ја планираше, и се спроведува постепено, стратегијата за намалување на зависноста од природниот гас и тотално исклучување на негово користење до 2050 година, посочува Андреевски.

Бислимовски од РКЕ укажува на долгорочната стратегија на Европа, односно на ЕУ, целосно да се ослободи од енергетската зависноста од Русија со сериозни инвестиции во обновливи извори на енергија, ветерници и фотоволтаици и ако има нешто корисно од оваа исклучително кризна ситуација, тоа е забрзувањето на имплементацијата на Зелената агенда.

Сега има нагорен тренд и во инвестирање во батерии за складирање на електрична енергија произведена од фотоволтаици и од ветер. Така се создаваат резерви кога ќе се искористат кога ќе затребаат, објаснува претседателот на РКЕ Бислимовски.

Меѓу долгорочните сценарија за излез од кризата што ги спомнува Андреевски се дополнителните поволности за инвестиции во изградбата на нови капацитети од обновливи извори за електрична енергија и терминали за ЛНГ, односно течен гас. Германија веќе ги гради, а во регионот во Грција, освен во Александрополис, најавен е уште еден кај Волос.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ