Повеќе медиуми (на албански и македонски јазик) блиски до власта објавија дека наводно избила масовна тепачка во Чаир, за време на изборниот состанок на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во близина на ресторанот „ФАФА“, каде што присутни биле и партискиот лидер Али Ахмети, како и кандидатот за општина Чаир, Бујар Османи и кандидатот за Град Скопје, Скендер Реџепи.
Од МВР демантираат дека имало тепачка на состанокот на ДУИ.
Во СВР Скопје до овој момент нема пријава за таков настан, велат од МВР за ЦИВИЛ.
Исто така и граѓаните кои беа на состанокот на ДУИ, на социјалните мрежи коментираат дека немало никаква тепачка.
ЦДМТ