Мисториозната смрт на Петар Арсовски не принуди да ја откриеме вистината! Што ги натера да го сокријат тоа од нас?, гласи натписот на Фејсбук страницата Pin-Up Aviator, објавувајќи наводен текст со наслов на некој портал „Прочитајте ја вистината“.
Дел од граѓаните коментираат дека е лажна вест, додека други му посакуваат да се „одмори“ и да почива во мир.
Оваа лажна вест повеќе не е достапна на Фејсбук страницата која нема никакви објави и на привремениот лажен сајт.
Меѓутоа, пред да ја снема објавата од Фејсбук страницата и на „сајтот“, Слободен печат, направи истражување и објави текст кој е насловен: „Морбиден профит: Аналитичарот Петар Арсовски и доктор Драган Даниловски најнови жртви на измамниците што со лажни интервјуа продаваат чај“.
Истражувањето на Слободен печат покажува дека се работи за измамнички маркетинг на компанијата „Монад Плуг“ која се наоѓа на улица „Козара“ број 41.
ЦМТ