Министерот за здравство Арбен Таравари од коалицијата „ВЛЕН“ ги демантираше шпекулациите дека ќе си дава оставка. Тој истакна односите меѓу партнерите во коалицијата се стабилни.
„Јас утрово се разбудив со 50 пораки, со прашање дали давам оставка. Фокусиран сум на работата во Министерството за здравство. Односите меѓу партнерите во коалицијата се добри, стабилни. Јас продолжувам да ја вршам функцијата министер за здравство и на 1, 2 и на 5 април, рече Таравари.
На социјалните мрежи новинарот Зоран Божиновски објави дека Таравари на 2 април ќе поднесе оставка од владата и од коалицијата ВЛЕН.
Министерот за здравство Таравари, посочи дека е фокусиран е на работите кои што се важни за пациентите, како и за добросостојбата на пациентите од Кочани, но и генерално на сите пациенти во државата.
ЦМТ