Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на денешната седница ја извести Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања дека пратеникот Никола Груевски шест месеци неоправдано отсуствувал од собраниските седници, што според процедурите, е повод за одземање на пратеничкиот мандат.
Според Деловникот на Собранието, Комисијата има 15 дена да достави предлог до Собранието за одземање на мандатот. За да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски, потребни се 80 гласа.