Пленарната седница на Собранието што е во тек, за првпат од осамостојувањето на Република Македонија, Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја отвори и продолжи да ја води на албански јазик.
Ова предизвика револт и реакции кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што во голем број ја напуштијата и пленарната сала.
„Вие го кршите законот, бидејќи едиствениот службен јазик во Собранието на Македонија е македонскиот јазик и неговото кириличко писми”, рече кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
На овие обвинувања, Џафери одговори дека во никаков случај не го крши законот и го потсети пратеникот дека законот за употреба на јазици веќе стапил во сила.
„Законот за употреба на јазиците е во сила. Јас имав трпение да чекам една година претседателот Ѓорѓи Иванов да се освести и да го потпише законот и да не ја попречува работата на Собранието”, одговори Џафери.
Откако Џафери продолжи да ја води седницата на албански јазик, поголемиот број на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата за пленарни седници.
Текст и фотографија: А. Зеќири