Categories

РЕАКЦИЈА Џафери го демантира Бачев

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, ги демантира наводите на лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, дека во Собранието на Република Македонија заклучени се држат тројца пратеници.

„Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, најостро ги демантира информациите изнесени од лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, дека претставници од американската амбасада, по налог на американскиот амбасадор Џес Бејли држат тројца пратеници заклучени во Собранието.

Ја информираме јавноста дека се работи за класична дезинформација, со цел да се нанесе штета на угледот на Собранието и на процесот на ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија.

Во Собранието на Република Македонија секој пратеник одлучува сам, според своето убедување и нема, ниту ќе има притисоци врз народните избраници и нивното движење е слободно.

75. седница на Собранието на Република Македонија се одвива според воспоставениот ред како и за секоја друга седница“, се вели во реакцијата на Талат Џафери.

М. И.

Print Friendly, PDF & Email