• Latest

Џафери: Работиме на целосно реформирање на Собранието

February 6, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Работиме на целосно реформирање на Собранието

February 6, 2021 09:31
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА најави формирање работна група чија цел ќе бидат измени и дополнувања или нов Деловник за работа на законодавниот дом. Џафери истакна дека тој деновиве ги завршил комуникациите со сите пратеници и пратенички групи и оти добил предлози од сите пратенички групи за учество во работната група за продолжување на процесот Жан Моне.

„Идејата ни е тој процес поради пандемијата да го отпочнеме сами овде ние, без физичко присуство и надгледување од европратениците и периодично колегијално да ги информираме за напредокот евентуален по кој одиме. Можам да кажам дека таму се вклучени сите“, истакна Џафери.

Џафери во интервјуто за МИА зборува за реформите во Собранието, за напорите да се одржуваат седници и гласање и покрај проблемот со кворумот и мнозинството за гласање на законите, но и за неговата комуникација со пратеничките групи…

„Ние сме во фаза на напори за реформа на Собранието како целина, како посебна власт и да се осамостои од влијанието од другите власти или да биде независно во одлуките што ги спроведува. Дел од таа реформа се измените или работата на нов деловник можеби најверојатно ќе произлезе да имаме нов деловник, иако ние работиме на измени и дополнување на Деловникот во процесот Жан Моне. И следствено на тоа се прават напори за реформа на статусот на собранискиот канал и реформа на статусот на собраниското обезбедување, како последица на сите нешта што се случија во овие три децении. И сметаме дека сите овие функции треба да бидат изречно во надлежност на Собранието. И Собранието само по себе со воспоставени правни инструменти да може да менаџира со оваа институција без оглед кој ќе биде соодносот на силите сега во овој мандат, наредниот мандат, затоа што еднаш засекогаш даден мандат, па тоа ќе биде една гарнитура којашто ќе ги користи тие можности на работата на Собранието. Во тој контекст оди и прилогот во тоа што и во комуникација и искуствено со други парламенти имаат календар за работа, којшто календар во овие услови и со оваа регулатива ние не може да го воспоставиме, од проста причина, што од моментот кога ќе го добијам материјалот од овластени предлагач било да е тоа пратеник или да се тоа Владата или група граѓани, 10 000 потписи, во рок од 20 дена од дистрибуцијата на материјалот до пратениците мора да се одржи седница. На три дена пред одржување седница треба да биде разгледан материјалот во прво читање ако е во редовна постапка во матичното работно тело. И кога ќе ја направите таа цела динамика, а од друга страна предлагачите немаат ограничен рок во кој период може да достават, односно не можат да достават материјали. И во таа циклична динамика којашто е воспоставена, право на достава и обврска на разгледување, не можете да поставите стриктен календар за работа, затоа што ве пристигнуваат роковите пропишани со Деловникот. И затоа од тој аспект во Деловникот ќе треба да се направи период на достава на материјали од сите предлагачи, период на разгледување во прво читање, период на второ читање, период на гласање. И тогаш ќе може да се стави точен календар и да се каже, првата недела во месецот ќе биде комисиска работа. Сега карикирам, како пример, првата недела би била недела за разгледување во прво читање, втората недела би била недела за расправа на седници, третата недела би било гласањето за претходните точки. Со тоа би се направила и динамика на ангажман на пратениците по однос на она многу озбореното трошење или трошок, значи би се направила економизација на трошоците“, истакна Џафери во однос на реформите во Собранието.

Џафери истакна дека за одлагање на пописот е потребна политичка одлука која треба да биде заснована на одредени факти.

„Работата околу пописот, Законот за попис беше во процедура уште во почетокот на 2020 година, официјално го добивме во тој период, а претходно во 2019 година, се разговараше за пописот. Поради распуштањето на Собранието, законот не се донесе во 2020 година. Објавивме избори за 12 април, според роковите, и на таки политички предлози пред да истече рокот за одржување избори, донесовме одлука, политичка, на лидерска да се одлагаат и после се соочивме со сите оние правни празнини и коментари по однос на Собранието, ќе треба да дојде, па не треба, па Уставниот суд, па вонредна состојба, па излезот од таа ситуација и кога дојде ситуација дека е неопходно да се одржат изборите затоа што со одлука на Уставниот суд Собранието не можело да се врати и тогаш почнаа препирањата да имаме избори, да ги одлагаме, да не ги одлагаме, редовен термин… Собранието донело Закон за одржување попис. Пропишало рокови за сите и во овој момент сметам дека е беспредметно да се излегува со вакви или онакви размислувања. Ако сметаат дека треба да се одлага, тогаш треба политичка одлука за тоа. Таа политичка одлука треба да се преиначи во законско решение. И за колку време би се одлагал тој попис? Според она што го слушам, да се одлага за јуни или јули. На што се заснова тој предлог? Во контекст на ковид, што би значело тоа. Има некој информација дека во јуни, јули ќе заврши пандемијата, па ќе можеме да го спроведеме или, пак, ќе дојдеме во законска празнина и тогаш уште да влеземе во правен хаос. Што ако не се одржи во јуни или јули ако предусловите се и тогаш како што впрочем и беа за изборите 2020 година оти проценивме јуни-јули ќе биде ситуацијата поинаква. Да, беше поинаква само во негативна конотација. Затоа велам само политичкото изјаснување во смисла на размислување како што се кажува е недоволно за оваа одлука. Има закон, или ќе се приклучат сите да го извршуваат законот, или ќе се случи тоа што најавуваат дека ќе се случи. Едни најавуваат дека собираат потписи, други велат ќе спроведеме закон, трети велат некои други предуслови. Тоа е веќе политичка дебата во која јас како претседател на Собранието не би сакал да се вклучам. Надлежностите на Собранието беа да се донесе закон, се донесе закон, се пропишаа рокови. Првичното решение беше сите подзаконски акти да се донесат во рок од шест месеци, а имајќи го предвид тајмингот на носење на законот беше неопходно сите тие рокови да се скратат и актуално теле рокот и обврската на Заводот за статистика да ги направи сите подготовки според законот да го изврши пописот“, смета Џафери. /МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ