• Latest

Дигитализација, опременост на училиштата и професионален развој на кадарот – образовни приоритети во идните четири години

September 6, 2020

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дигитализација, опременост на училиштата и професионален развој на кадарот – образовни приоритети во идните четири години

September 6, 2020 10:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Национална стратегија за дигитализација на образованиот систем, реформа со фокус да се развива логичкото размислување на учениците, професионален развој и мотивирање на наставниците, подобро опремени училишта и до 1,5 процент издвојување за наука во 2024 се меѓу плановите на Владата во новиот четиригодишен мандат, пренесува МИА.

Врвен национален интерес е да се подигне квалитетот на образованието за да одговори на предизвиците на новото време зашто пандемијата покажа колку е важен капацитетот на образовниот систем да се менува, приспособува и осовременува. За подготовка на следната генерација за новото време и технологии и за зголемен капацитет за справување со кризи, каква што е пандемијата со КОВИД-19, Владата во Програмата за работа 2020-2024 планира Национална стратегија за дигитализација на образованиот систем со која ќе се дефинира и озакони наставата од далечина како можно алтернативно решение за учење со примена на средставата за електронска комуникација без физичко присуство на учениците во наставата.

Владин тим ќе се посвети на развојот на дигитални форми и содржини во образованието. Со помош на домашните програмерски куќи и поддршка од информатичко-техничките факултети, ќе биде креирана централна национална платформа. Се најавува и финансиска поддршка на продукција на видеоклипови како училишни материјали со содржини и теми од предметите, за што ќе може да конкурираат сите наставници од основно и од средно образование. Електронски учебници ќе има на сите наставни јазици достапни за секој ученик.

За квалитетно образование многу ќе се вложува во кадровскиот потенцијал  со мотивирање и професионален развој на наставниците преку бесплатни обуки од акредитирани провајдери. Во соработка со меѓународни партнери, ќе биден воспоставен најсоодветен модел за вреднување на трудот и квалитетот на наставниците. Со нови правилници, тие ќе имаат повисоки плати доколку имале обуки и стекнале нови компетенции, а ќе им биде намалена административна работа за целосно да се фокусираат на учениците и образовниот процес. За подобар кадар во училиштата, Владата ќе понуди стипендии за одлични студенти на факултетите за наставници.

Според Програмата за работа на Владата 2020-2024, за три месеци ќе бидат анализирани резултатите на нашите ученици од последното меѓународно ПИСА-тестирање (природни науки, читање и математика) со конкретни препораки за вистински и ефикасни реформи во образованието. Во таа насока се планираат тестирања слични на ПИСА во секое полугодие и секое училиште. Тестовите ќе бидат анонимни и нема да влијаат на оценките на учениците, ниту на наставниците, но ќе им помагаат на училиштето и на педагошката служба да изработат конкретни мерки за подобрување на образованието во секое училиште.

– Да го форматираме образованието и да го подигнеме квалитетот за да можеме да се носиме со предизвиците на новото време. Ќе се развива квалитетно образование достапно на сите, кое ќе создава кадри кои ќе размислуваат логички и критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти и анализи. Образовната реформа ќе значи фокус на логичкото размислување и решавање логички задачи базирани на анализи кои ќе почнат уште во првиот циклус на деветгодишното основно образование. Дополнително, ќе се ангажираме за промоција на целодневно учење, се наведува во Програмата.

Дуалното образование и натаму ќе биде во фокусот на образовните политики. Ќе се инвестира во атрактивни програми, опремување и зголемување на капацитетите со вклученост на бизнис-заедницата која пред почеток на уписите ќе биде консултирана за квотите за упис по одредени профили.

Програмата на Владата содржи и планови за изградба или реконструкција на основни и средни училишта во повеќе општини, како и опремување на регионалните центри за стручно образование и обука (VET центри) во Тетово, Куманово и Охрид. Во најава се објекти за новата Математичко-информатичка гимназија и за Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје, а Спортската академија ќе се смести во нов модерен спортски комплекс. Во инфраструктурните планови се и санација и енергетска ефикасност на студентските домови и изградба на училишни спортски сали.

Ќе се инвестира и во подобро опремени училишта со наставен материјал, лаборатории… и помали одделенија, до 20 деца во паралелка. Ќе се екипираат стручните служби со тимови од најмалку тројца соработници (педагог, психолог и дефектолог) и ќе се преиспита формулата за финансирање на основните и јавните средни училишта. Финансирање на најдобрите ученици и студенти, поддршка на ученици и нивни ментори за учество на меѓународни олимпијади и натпревари и парични награди за првите три освоени места, се меѓу заложбите на Владата во четиригодишниот период.

Во високото образование се најавува стипендирање на магистерски студии од дефицитарните струки, како и на талентирани студенти што ќе овозможи задржување на младите да студираат во земјата, и креирање систем со кој полесно ќе се задржуваат најдобрите дипломирани да работат научноистражувачка и високообразовна дејност на универзитетите и научните институти преку побрзи процедури на одобрување на вработувањата и стипендирање на нивните докторски студии.

Во делот од владината програма посветен на образованието за 2020-2024 се прецизирани и планови за науката – во рамки на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во 2020 ќе биде формиран оддел за научни истражувања со цел во 2024 година вкупното издвојување за наука да достигне 1,5 процент.

Од буџетот на тој оддел ќе се финансираат национални научно-истражувачки проекти што ќе ги зајакнат капацитетите на универзитетите и научните институти. Се најавува и промена на националното законодавство за финансиско работење кај меѓународните проекти со цел нивна поедноставна реализација, а во план е и награда за млади научници.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ