• Latest

„Дигитализацијата и средношколците“ – повеќе слобода и можности

May 9, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Дигитализацијата и средношколците“ – повеќе слобода и можности

May 9, 2022 10:10
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Постојано истражување и следење на навиките и потребите на средношколците, инклузивни и поефикасни дигитални решенија – се дел од заклучоците на вториот од серијата настани на тема: „Дигитална трансформација на образованието“, сега, со фокус на средното образование или „Дигитализацијата и средношколците“, а во организација на Советот за дигитална трансформација (СДТ) при Институтот Хајделберг, Сојузот на средношколци на РСМ и Американските совети за меѓународно образование (ЈЕС алумни програма).

„Зошто дигитализација? Затоа што корисноста ја имаме сите. Дава повеќе време, повеќе можности, повеќе слобода – едноставно овозможува да го контролираме сопственото време. Затоа Совет за дигитална трансформација при Институтот Хајделберг, кој го препозна ова што се случува во Западен Балкан, ги препозна и недостатоците, но и можностите, следејќи го германскиот и другите западноевропски модели. Заедно работиме на тоа дигиталната трансформација да биде одржлива и во функција на сите граѓани.“ – изјави комуникологот Бојан Кордалов, кој е претседател на Советот за дигитална трансформација.

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија – ССРСМ е единственото национално претставничко тело на средношколците во земјата. Сојузот ги обединува средношколците од сите етникуми и вери, дава свој придонес во подобрувањето на квалитетот на образованието и ги поттикнува средношколците да придонесат за својата заедница преку нивното активно учество во процесот на донесување одлуки.

„Кога се затекнавме со кризата со коронавирусот, првото решение донесено беше целосна онлајн настава, каде генералниот став на ССРСМ беше комбинирана настава (недела дома, недела на училиште). Истото не се реализираше заради ковид-протоколите, што не доведе до размислата дека целосната дигитализација, следењето настава и учењето од дома, не соодветствуваат со нашите потреби и пракси бидејќи учениците се соочуваат со потешкотии во социјалниот развој. Сепак, комбинација и инкорпорирање на дигитални алатки во училницата е позитивен процес на дигитализирање, кој ги олеснува и забрзува образовните процеси.“ – изјави Влатко Стојкоси, претставник од ССРСМ.

На претходната дебата на СДТ и Форумот за образовни промени, беше претставено неодамнешно истражување на СДТ, ИДУЕП и ФОП, кое покажа дека 70 проценти од учениците и студентите од земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ (Албанија, С. Македонија, Србија) преферираат модел на учење во училница или комбиниран модел.

На прашањето: „Кои се ефектите од дигитализацијата во средното образование?“ се надоврза и генералниот секретар на ССРСМ, Јана Попова: „Сите знаеме дека светот се движи напред и дека дигитализацијата во средните училишта ќе дојдеше кога-тогаш. Ние очекувавме тоа да се случи чекор по чекор, додека со појавата на коронавирусот направивме голем скок. Најголемиот отпор кај нас, средношколците, беше во целосната дигитализација, што резултираше со десоцијализација и затворање на училиштата на предолг временски период.“

Од друга страна, претставничката од Американските совети за меѓународно, Рина Османи, даде краток осврт на YES програмата за младинска размена и образование, спонзорирана од Стејт Департментот на САД, а со цел да обезбеди стипендија за средношколци (15-17 години) кои ќе поминат една академска година во САД. Програмата е витална за комуникација помеѓу луѓето од САД и партнер земјите кои имаат интерес за взаемна промоција, разбирање и почитување.

„Важно е да ја напоменам безбедноста во онлајн просторот и прецизните насоки за користење на дигиталните алатки. Со појавата на коронавирусот имаше целосно дигитализирање на процесите во Американските совети, како и програма за виртуелна културна и образовна размена. Ги следиме актуелните состојби и се адаптираме на нив, со голема доза на внимание и претпазливост, поентирајќи ги и негативните ефекти од брзите дигитални процеси како преоптовареноста со информации меѓу кои наидуваме на „лажни вести“ и борбата со нив.“

Имено, целта за формирањето на Советот за дигитална трансформација за Западен Балкан при Хајделберг Институтот е обединување на граѓанскиот и приватниот сектор, како и академската заедница за поддршка на напорите за успешна и одржлива дигитална трансформација на јавните институции и Владите од земјите од Западен Балкан. СДТ ги следи меѓународните искуства (германски и општо западни) во нивните успешните модели на дигитална трансформација и црпи позитивни пракси со цел креирање на успешен македонски и модел за одржлива дигитализација од интерес на сите граѓани од регионот на Западен Балкан.

На крајот од онлајн дискусијата беше испратена и покана до претставниците на ССРСМ и ЈЕС програмата за нивно членство во Советот, која беше прифатена од нивна страна. Се најави и скорешно потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Советот за дигитална трансформација при Хајделберг Институтот и Сојузот на средношколци на РСМ, како и Американските совети за меѓународно образование (ЈЕС алумни програма) и нови заеднички активности и настани во насока на одржлива и инклузивна дигитализација во нашата земја и нашето образование.

„Ќе ја искористам оваа можност да ги повикам сите коишто сакаат да ни се приклучат, да не контактираат, да бидат дел од огромното семејство, огромниот тим на луѓе коишто веќе работиме на оваа тема, и особено ми е драго што денеска ја поврзавме со средношколското движење и со реформите во образованието.“ – заокружи претседателот на СДТ, Кордалов.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ