• Latest

Дигитални предизвици за општествена трансформација: Колку е далечен македонскиот пат до Е-општини во интерес на граѓаните

January 20, 2022
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Дигитални предизвици за општествена трансформација: Колку е далечен македонскиот пат до Е-општини во интерес на граѓаните

January 20, 2022 14:19
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се одржа третиот од серијата јавни настани „Дигитални предизвици за општествена трансформација“, организиран од страна на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и фондацијата „Фридрих Науман“. На настанот ,во формат на онлајн тркалезна маса, кој како домаќин го водеше Бојан Кордалов, комуниколог и координатор на Програма на ИДУЕП, а свои обраќања имаа: Горан Милевски – министер за локална самоуправа, Душица Перишиќ – извршна директорка на ЗЕЛС, Ивајло Цонев – проектен координатор во Фондацијата „Фридрих Науман“, Бојан Кордалов – комуниколог, Бардил Јашари – извршен директор на Фондација „Метаморфозис“ и Емили Јовановиќ Локвенец – специјалист за информациски  системи при УНДП.

Целосна транспарентност и отчетност за работата на секоја општина, онлајн можности граѓаните да контактираат со сите свои градоначалници и советници на брз начин, како и лесно електронско пријавување на иницијативи и проблеми до локалната администрација – ова се основните промени кои граѓаните ги очекуваат од работата на единиците на локалната самоуправа во следниот мандат.

Според согледувањата на програмите и јавните настапи на кандидатите на Локалните избори кои ги направи ИДУЕП, овие заложби водат преку воведување на ефикасна и одржлива дигитализација, а беа ветени од страна на сите политички партии кои учествуваа на изборите. Огромен дел од нив се веќе преточени и како конкретни проекти и активности во Програмите за работа на единиците на локалната самоуправа и новоизбраните локални раководства.

Од овие причини, тркалезната маса во рамките на иницијативата „Дигитални предизвици за општествена трансформација“ е наречена „Како до е-општини од интерес на граѓаните?“ и има за цел отворање на поширока и инклузивна дебата, како и директен поттик за преземање на конкретни заложби и мерки за воведување на брзи, неселективни и широко достапни можности и услуги од интерес на секој граѓанин, сузбивање на корупцијата и поголема ефикасност и задоволство од работата на институциите на локално ниво.

На пошетокот на тркалезната маса  учесниците ги поздрави Ивајло Цонев, проектен координаторна  Фондација „Фридрих Науман“

На дебатата беше истакната важноста на развојот на дигиталните услуги во општините, но и потребниот начин на справување со предизвиците кои ги носи самата дигитализација.

Бојан Кордалов, комуниколог и координатор на Програма на ИДУЕП, потенцира дека изборите се најдобар показател за потребите на граѓаните, а квалитетните услуги се еден од начините за задовоување на тие потреби.

-Изминатите две односно три години граѓаните испратија јасни пораки на парламентарните и локалните избори, првата е дека гласаат за понуда и дека ниедна партија, граѓаните не може да ги држи во „својот џеб“, и втората порака е дека сакаат, очекуваат и повеќе нема да толерираат доколку носителите на јавните функции не се ефикасни.

Министер за локална самоуправа, Горан Милевски истакна дека за Министерството за локална самоуправа, дигитализацијата е врвен приоритет, и овој приоритет е адресиран до сите надлежни органи.

– Најсигурен, најбрз и  најефикасен начин за постигнување резултати е дигитализацијата на работните процеси и на услугите за граѓаните, рече Милевски. Врз основа на досегашните направени анализи  може да се констатира дека на општините не им се потребни дополнителни човечки ресурси, но затоа пак е потребна соодветна обука за да можат успешно да се вклопат вработените во процесот.

Според Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС, дигитализацијата е битна не само за локалната самоуправа туку и за сите во државава.

-Сметам дека донаторите тука не се клучни во целиот процес на дигитализацијата многу поважна е соработката на локалната со централната власт. Потребна е волја внатре во власта, исто така, предложивме на Владата проект кој се однесува на издавање деинтегрирање дозволи и сакавме истиот да го направиме тотално дигитален да може да се издаваат деинтегрирани дозволи. На тогашниот министер му кажавме дека е  потребно е во законот да се напише дека дозволите ќе се издаваат електронски,  тој беше толку исплашен од оваа промена и стави во законот може да се издаваат и електронски. Знаете колку се издадени електронски дозволи од тогаш? Нула. Значи мора да се има концепт кој што ќе ги приморат учесниците во овој процес, оцени Перишиќ.

Бардил Јашари, извршен директор на Фондација „Метаморфозис“, се согласи дека воведувањето на дигитализацијата освен што е неопходно, носи предизвици, посочувајќи дека треба да се внимава да не се создаде т.н дигитален јаз и да се обезбеди сигурност на личните податоци, како и дека е потребно  усогласување со дигиталната писменост на населението.

– Многу е важно да се развие методологија на мерење на задоволството на корисниците на е-услугите, и таквите мерења да станат пракса и да се објавуваат, затоа што сите ние треба да се консултираме, на разни начини за да се процени дали дигиталните услуги со начинот на кој се испорачуваат ги задоволуваат потребите на граѓаните, да се сведе на нула бројот на нецелосни и неажурни е-услуги, бидејќи има многу услуги кои се неажурни или застарени, како на пример достапноста на контактите на општинските службеници, таа неажурност е голем предизвик кога сакаме да воведеме дигитални услуги, заклучи Јашари.

Емили Јовановиќ Локвенец – специјалист за информациски  системи при УНДП, истакна дека луѓето во принцип прифаќаат промена, но коку ќе прифатат зависи од начинот на презентирање на решението, треба да се има систематски пристап, вработените о општинската администрација треба да имаат заврѓено некакви курсеви, да знаат да исчитаат некоја документација, да знаат како да употребуваат определен софтвер,за успешно спроведување на проектот за дигитализацила, треба да е централизиран системот за набавка на ИТ  услуги, и најважно, не смее да се прифаќаат компромиси кога е во прашање сајбер безбедноста.

На крајот од настанот повторно се обрати Ивајло Цонев , кој истакна дека дигитализацијата е важна, како за граѓаните и бизнисот, така и за државната администрација и институциите, ја прави соработката меѓу нив поефикасна, побезбедна и секако поевтина, и може да биде инструмент за справување со корупцијата и инструмент за брз економски развој.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ