Државната изборна комисија денеска со почеток во 17 часот ќе одржи јавна седница на кој ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите поднесени на постапката за гласање и постапката на сумирање и утврдување на резултатите од гласањето.
Според извештајот од резултатите на ДИК од вкупно 1.806. 336 запишани гласачи во Избирачкиот список, правото на глас го искористиле 666.743 од кои 609.813 гласале „за“, 37.700 гласале „против“, а 19.221 ливче биле прогласени за неважечки.
До сега во ДИК се поднесени 49 приговори за заштита на лично избирачко право и за заштита на гласачкото право при спроведување на референдум на државно ниво. Досега обработените приговори се одфрлени.
Б. Ј.