На денешната седница, Државната изборна комисија ги утврдува мандатите на пратениците што ќе дојдат на местото на оние што добија министерски места во новата Влада.
ДИК ќе ги утврдува мандатите на новите пратенци согласно пристигнувањето на извештаите од Собранието, за секој пратеник поединечно. На почетокот се утврди дека на Фљорин Бесими му престанува мандатот пратеник во Собранието, а на негово место доаѓа Бедрим Фазли. Бесими е назначен за министер за финансии.
Б. Ј.