• Latest

ДИК: Изборните органи да ги почитуваат одредбите од Законот за заштита на лични податоци

September 14, 2021
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДИК: Изборните органи да ги почитуваат одредбите од Законот за заштита на лични податоци

September 14, 2021 14:59
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве во општинските изборни комисии (ОИК) согласно Изборниот законик веќе се поднесуваат листи за кандидати за советници во советите на општините и за градоначалници. Сите ОИК во својство на изборен орган должни се да ги почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци, согласно кој децидно се уредува заштитата на лични податоци и правото на приватност во врска со обработка на нивните лични податоци, рече на денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК), потпретседателката Дитмире Шеху.

Имено, како што нагласи, сите членови на ОИК се должни да ги почитуваат начелата поврзани со обработка на личните податоци, бидејќи потпишаа изјава за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

– Најстрого е забрането изнесување при фотографирање, фотокопирање, електронска пошта, телефонски, на документација која содржи лични податоци на кандидатите, како и на целата документација на ОИК кои ги обработуваат овие податоци. За прекршување на одредбите од законските прописи, кои ја регулираат заштитата на лични податоци согласно кривичниот законик се предвидени и соодветни санкции. Затоа, ДИК почнувајќи од нас самите, од вработените во ДИК, од помошните тела ангажирани, како и до сите изборни органи, ОИК и избирачките одбори бара целосно професионално и одговорно однесување во работењето од сите изборни органи согласно важечките законски прописи, истакна Шеху.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски исто така нагласи дека Општинските изборни комисии мора да внимаваат бидејќи, како што рече, покрај тоа што давањето лични податоци е забрането со посебен закон, казниво е и според Кривичниот законик и некои дејствија што ќе се преземат по тој повод ќе зависат од органите на прогон.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шеху посочи дека кадидатурите овој пат ги потврдуваат ОИК согласно Изборниот законик. Моментално, како што кажа, тие ја прегледуваат документацијата и чекаат уверенија од судовите.

На денешната седница ДИК го усвои барањето за добивање овластување за набљудувачи, односно за 34 лица. Како што посочи Даштевски, сите ги исполнуваат условите за набљудување.

Како што посочија на седницата, сите оние кои се заинтересирани за набљудување на изборите можат да достават документација најдоцна седум дена пред одржувањето на изборите.

Повикаа сите домашни, меѓународни, невладини организации, меѓународни мисии и други овластени институции кои ги исполнуваат условите да аплицираат во ДИК за набљудување на локалните избори.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ