Categories

ИЗБОРИ ДИК: Излезноста на изборите до 13 часот е околу 20 отсто

Податоците од Државната изборна комисија покажуваат дека до 13 часот излезноста на претседателските избори е 19,92%, од обработените 98,34%% од гласачките места, гласале 353.037 гласачи.

Досега најголема излезност има во Прилеп 35,05%,  потоа во Новаци 33,12, Свети Николе 31,10, Неготино 29,02, Пробипштип 30,62,  Ранковце 30,63,  Демир Капија 32,75 проценти, Кратово со 30,53%, Вевчани со 29,54 проценти од гласачите

Најмал број избирачи излегле во Липково 5,43,  Желино 6,62, Врапчиште со 7,5 проценти.

Вкупен број на гласачи во избирачкиот список е 1.808.131, а вкупниот број на избирачки кои гласале

Број на обработени избирачи(98,05%)1.772.810Вкупен број на избирачи кои гласале 353.037 граѓани.

Од ДИК соопштуваат и дека во 13:45 часот денеска, на гласачко место во училиштето „Ацо Шопов“, населба Радишани, ќе гласа инвалидизирано лице со помош на новообезбедените гасеничари од страна на Државната изборна комисија. Заинтересираните медиуми можете да го проследите ова гласање.

А. Петровска 

Print Friendly, PDF & Email