Државната изборна комисија на 68 седница го усвои финансискиот план за 2023 година врз основа на веќе усвоен буџет на државата од Собранието.
„Вкупните приходи на ДИК се 82.641.000 денари. Од вкупниот буџет доделен за ДИК, 73 отсто ќе се користат за плати и надоместоци, додека другиот дел за стоки и услуги, субвенции и трансфери и капитални расходи“, објасни потпретседателката Дитмире Шеху.
На седницата се усвои и благајнички максимум од 300.000 денари, како и предлог-годишен план на ДИК за јавни набавки о предлог упатството за безбедност во извршување на работите во ДИК.
Предлог годишниот план за јавни набавки ќе се објави на веб страницата на Бирото за јавни набавки и на ДИК, додека пак, упатството за безбедност, треба да придонесе кон одговорноста и грижата на вработените во ДИК во однос на работната средина и своите колеги.
Претседателката Шеху во последната точка разно даде предлог планот за вработување во ДИК да се носи и да се презентира на јавна седница, за да се запознаат јавноста со потребите на ДИК. Ова според неа, ќе придонесе до транспарентност и отчетност и увид како се трошат парите на граѓаните со кои располага ДИК.
Нејзиниот предлог едногласно беше усвоен.
Б. Ј.