• Latest

ДИК од средината на јуни со привремен состав

May 15, 2018

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДИК од средината на јуни со привремен состав

May 15, 2018 14:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

До средината на јуни може да се очекува Државната изборна комисија (ДИК) да добие привремен состав со мандат од шест месеци, додека до крајот на есента се очекуваат нови измени во Изборниот законик со што би можело да биде опфатен и изборниот модел, јавува МИА. 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, рече дека работните групи го договориле ова преодно решение за избор на членови на ДИК, што е засновано на стариот закон.

„Ние како координатори на сите политички групации во Парламентот се договоривме да поднесеме предлог законско решени што е темелено врз постоечкото или сторото законско решение, имајќи предвид дека разговорите помеѓу работните групи за измени на изборното законодавство се во тек и ќе течат и понатаму, Но, од друга страна, факт е дека во државата не постои Државна изборна комисија“, рече Тунтев, посочувајќи дека нејзините надлежности не се поврзани само избори, туку и со други форми на изјаснување.

Според ова решение, ДИК ќе има седум членови од кои претседателот и двајца членови на ДИК ќе бидат предложени од опозицијата, а потпретседателот и тројца членови ќе бидат на предлог на владејачкото мнозинство. Мандатот на овие членови ќе биде до шест месеци.

„Претпоставувам дека до крајот на есента ќе завршат преговорите и ќе имаме нови законски решенија за изборното законодавство“, рече Тунтев додавајќи дека сè уште нема поделба на местата за членови на ДИК.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ потенцира дека тие остануваат на нивните залагања за целосна реформа на изборното законодавство во смисла на една изборна единица, отворени листи итн.

„Меѓутоа една политичка партија тоа не може сама да го дефинира. Тоа ќе излезе како резултат на преговори, што не секогаш, се лесни и не само на преговори меѓу власта и опозицијата, туку и внатре меѓу коалициските партнери“, изјави Тунтев.

Според него, реформата во изборното законодавство ќе значи многу за развојот на демократските процеси во оваа држава.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев изјави дека се враќа старото решение, според кое претседателот на ДИК ќе биде од редовите на опозицијата, а потпретседателот да биде од владејачкото мнозинство.

„Од септември – октомври ќе следи нов договор за составот на ДИК“, рече Данев.

Според него, треба да започнет разговорите во однос на измените на Изборниот законик, од аспект на изборниот модел.

„Верувам дека партиите ќе донесат решенија во интерес на граѓаните односно демократијата во Република Македонија“, рече Данев.

Во однос на прашањето за отворени листи одлука, според него, треба да донесе партијата.

„Ако мене лично ме прашувате јас немам ништо против да бидат отворени листи, и мислам дека на тој начин волјата на граѓаните ќе биде на повисок степен испочитувана отколку што е сега“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Данев.

Измените на Изборниот законик се очекува да биде на дневен ред на седницата на Собранието закажана за 21 мај.

Помалите политички партии во земјата бараат измени во изборниот модел односно гласање на т.н. отворени листи. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКизборен закониккомисија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ