• Latest

ДИК одлучи: Независните кандидати на изборите ќе учествуваат со собрани два потписи

August 18, 2025
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДИК одлучи: Независните кандидати на изборите ќе учествуваат со собрани два потписи

August 18, 2025 08:32
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Независните кандидати ќе можат со собрани два потписи од избирачи да се кандидираат на претстојните локални избори. Државната изборна комисија на последната седница вчера усвои Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи за поднесување на кандидатски листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, со кој утврди дека независните кандидати за градоначалници или листа на советници треба да бидат потпишани од најмалку два избирачи.

Одлуката следува откако Собранието не успеа да го измени Изборниот законик во делот на собирањето потписи, пренесува новинската агенција Мета.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко рече дека има поинакво мислење, дека независните листи треба да се кандидираат без потписи, но и дека ќе го поддржи предлогот.

„Ќе го поддржам овој Правилник бидејќи сметам дека тоа е во интерес на изборниот процес и  непречено течење на сите дејствија од изборниот процес. Изборите се распишани, изборните дејствија се во тек и ДИК нема право и нема можност да ги одложи или да ги сопре изборните дејствија, рече Кондарко и посочи дека со оглед на состојбата во која е Државната изборна комисија, откако Собранието во два наврати не успеа да го реши ова прашање кое е во негова надлежност, ДИК ќе ги примени одредните од законот онакви какви што се.

„Сметам дека треба да биде без собирање потписи, но со Правилникот се предлага најмалку два потписи од два избирачи, што во суштина не менува ништо, заради што ќе гласам за овој правилник“ рече Кондарко.

Членот на ДИК, Александар Даштевски образложи дека групите на изборачи, како подносители на листи на кандидати за членови на совет или за градоначалник потребно е предлозите на листите да ги потврдат пред подрачните одделенија или регионални канцеларии на ДИК со важечки документи за личен идентификација, со адреса на живеење на соодветна општина за која се поднесува соодветна кандидатска листа и притоа за поддршка на истата на пропишан образец да бидат потпишани најмалку два избирачи.

Тој нагласи дека потписите за поддршка на листите почнуваат 10 дена од денот на распишувањето на изборите и трае 15 дена, и се врши во редовно работно време на подрачните одделенија и канцеларии од 8,30 до 16,30 часот.

Минатата година Собранието зголеми прагот за потребни потписи за независни листи на еден отсто од регистрираното гласачко тело во изборна единица, со што сериозно се зголеми бројот на потребни потписи за учество на граѓанските иницијативи на изборите. Уставниот суд ги укина членовите 17 и 18 од измените во Изборниот законик, поради што до денеска остана нејасно на кој начин можат независните кандидати да се појават на изборите. Собранието и минатата недела не успеа да го изгласа најновиот предлог прагот за собирање потписи да биде 0,95 отсто од регистрираните гласачи.

Две иницијативи, Зелен Хуман Град и Независни заедно, во меѓувреме започнаа постапка за формирање политички партии.

 

Tags: ДИКнезависни листисобирање потписи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ