Државната изборна комисија денеска ќе ги разгледува извештаите за поднесените приговори за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето во вториот изборен круг на локалните избори, со предлог – заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето во вториот изборен круг на локалните избори за соодветните општини.
ДИК 167 седница ќе ја почне 17:30 часот, во салата за седници во нејзиното седиште. На дневен ред ќе биде и разгледување и усвојување на записниците од 144-та, 146-та, 148-та, 151-та, 153-та и 154-та седница на ДИК.
Утре со почеток во 9:30 часот, ДИК на 168 седница ќе на дневен ред ќе има само една точка, разгледување и одлучување по приговорите поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето во вториот изборен круг на локалните избори 2017 година.
Вкупно 103 приговори беа поднесени од политичките партии Беса, Алијанса за Албанците и НДМ. Претходно четирите подесени пријави од граѓаните беа одбиени од ДИК.