• Latest

ДИК почна да ги полни терминалите со податоци, одбегнување ТВ дебати, лидерите на партиите со кандидатите на митинзи

October 4, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ДИК почна да ги полни терминалите со податоци, одбегнување ТВ дебати, лидерите на партиите со кандидатите на митинзи

October 4, 2021 17:03
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Почнува втората недела од изборната кампања за Локалните избори. Кандидатите за градоначалници и советници, заедно со нивните лидери се растрчани по трибини и митинзи каде продолжуваат да ги претставуваат своите програми, концепти и визии. Откажувања од соочување со противникот на ТВ дебати, ДИК почна да ги полни терминалите со податоци за граѓаните.

ДИК

Нова пратка терминали за отпечатоци пристигна во ДИК, почна полнењето со податоци од гласачите. До крајот на неделата треба да пристигнат договорените 4000 терминали за отпечатоци од прсти што првпат ќе се користат на Локалните избори 2021 година на 17 октомври. Државната изборна комисија денеска прими уште повеќе од илјада од овие терминали, а веќе е започнато и полнењето со податоци од граѓаните на веќе пристигнатите, изјави денеска претседателот на ДИК, Александар Даштевски, кој присуствуваше на примопредавањето.

ТВ ДЕБАТИ

Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, одби да присуствува на дебата на Макфакс и А1он со другите кандидати за градоначалник на Град Скопје.

И кандидатот на Левица, Петар Георгиевски Камиказа иако првично ја прифатил, потоа ја одбил поканата за соочување со другите кандидати за градоначалник на Скопје.

Претходно и Борче Јовчески кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, со соопштение до медиумите ги откажа сите ТВ дебати со противкандидатите, иако како што вели добил повеќе покани од медиуми од Скопје.

ГРАД СКОПЈЕ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги презентираше главните придобивки од проектот паметен град – „Скопје Смарт сити“ на кој Град Скопје работеше заедно со Телеком во изминатите 6 месеци.Шилегов укажа дека „она што некои го зборуваат, град Скопје веќе го има имплементирано и го завршува“, и им порача на скопјани да ја побараат апликацијата „My Skopje“ – „Моето Скопје“, која е веќе достапна за корисниците на андроид на Google Store, а наскоро ќе биде достапна и за корисниците на уреди „Епл“.

Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска денеска беше на средба со Сојузот на организации на жени на Македонија (СОЖМ) на која со претседателката на организацијата, Савка Тодоровска разговараа за правата и еднаквоста на жените во сите општествени сфери.

АКТИВНОСТИ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

ШАНСА ЗА ЦЕНТАР

Во Градски парк,  Шанса за Центар и Група избирачи со носителката на листа Јана Белчева-Андреевска во погон со ножички, лепак и тетрапак во ПР кампања.

СДСМ

Изградба на повеќе паркови за миленици, поставување на наменски корпи за отпад, едукации за одговорно сопствеништво, бесплатно микрочипирање, вакцинација и стерилизација. Ова се дел од барањата кои сопствениците на миленици од Аеродром му ги пренесоа на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник за оваа општина на СДСМ и коалицијата.

Современа инфраструктура во секојa општина, град и село, Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата зборуваше за инфраструктурните проекти на СДСМ во денешната изјава за јавност.

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од СДСМ, кој е и актуелен градоначалник на општината Филип Темелковски ветува нов инвестициски циклус во општината и развој на бизнисите.

ВМРО-ДПМНЕ

Изградба на нови, но и реконструкција на старите спортски и детски игралишта во скопската населба Јане Сандански е еден од приоритетите во програмата на Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев денеска информира дека отворање нов граничен премин Мајден-Пуљевац со Република Грција е еден од проектите од неговата изборна програма.

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска изјави дека доколку биде избрана, ќе депонира изјава до Антикорупциската комисија дека нема да има промена на нејзината имотна состојба и на нејзиното семејство во сите четири години од мандатот.

ДУИ

Градоначалникот на Чаир, и кандидат на ДУИ за следните четири години на оваа позиција, Висар Ганиу денеска во Старата скопска чаршија се сретна со млади луѓе од оваа општина, каде ги информираше дека Општина Чаир ќе обезбеди 400 квадратни метри простории, канцеларии опремени за развој на почетни бизниси и нови идеи за развој.

Независен кандидат Максим Димитриевски 

Кандидатот за градоначалник од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција на градскиот плоштад, најави отворање деловен комплекс што ќе го користат чевларските капацитети од Куманово.

ДОМ и ЛДП

Коалицијата „Одлучно“ најави изградба на вештачко езерце и тартан патека во градскиот парк во Битола.

ГРОМ

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави уште еден голем проект за младите, овој пат за младите брачни парови.

Планот на Јакимовски предвидува општина Карпош да обезбеди државно земјиште на кое младите брачни парови ќе можат да изградат типски куќи, за што ќе бидат ослободени и од комуналии. Целта на идниот градоначалник на Карпош е да им помогне на овие млади луѓе при решавањето на еден од најсериозните проблеми со кои се соочуваат при формирањето семејство, а тоа е обезбедување дом.

ИЗБОРЕН РАПОРТ #8: Во првата недела нотирани случаи на црна кампања, политичка злоупотреба на деца, кршење на КОВИД-протоколите и други неправилности

Ова е сезона на бескрајно додворување. Во своите кампањи, политичките партии, која колку може, раскажуваат колку постигнале, а уште повеќе што ќе постигнат ако ја добијат довербата на гласачите. Цивил спроведува континуиран мониторинг на клучните политички процеси и настани во земјата во повеќе области, вели Џабир Дерала од ЦИВИЛ, во осмото издание на „Изборен рапорт“.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ:

– Централиот карван „Најдоброто за мојата општина“ е меѓу граѓаните на Демир Капија и Неготино, а на централниот настан во Кавадарци ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Горан Тодоров. 

– Во рамки на вториот караван ќе се обратат потпретседателот Бојан Маричиќ и кандидатот за градоначалник Перо Костадинов во Валандово.

-Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во повеќе населени места Конче, Радовиш, Струмица.

– Прес-конференција на ДУИ во Гортивар

– Иницијативата Зелен Хуман Град ќе одржи прес-конференција на тема ” Изградба на зграда”, во Паркот на Новинарите во Скопје.

-Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“, предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП во Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци .

– Изборни активности на Движењето Беса во Бутел и Шуто Оризари.

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ