• Latest
Фото; Скриншот

ДИК постапува согласно законот – се очекуваат фер и демократски избори

April 3, 2024

24 ЧАСА: Полициски притисок врз новинарите во Демир Хисар; Кондарко смета дека ни е потребен нов Изборен законик; Трамп нареди федерализирање на полицијата во Вашингтон; Украина гори, Газа гладува – а светот гледа настрана

August 12, 2025
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда ќе разговара со експерти за условите за учество на независните кандидати

August 12, 2025
фото: ВИ

МФ: Во изборен период исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објавуваат во посебна база за буџетски трошоци

August 12, 2025

Новинарите кои го следеа увидот во гимазијата во Демир Хисар беа легитимирани од полициските службеници, иако носеле новинарски легитимации

August 12, 2025

Луксузни јахти и лигњи на Заев и Филипче – рецепт на власта за дефокус од скапотијата и празната кошничка

August 12, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Независни кандидати наместо партиски

August 12, 2025
Изет Меџити, Христијан Мицкоски
Фотомонтажа / А. М.

Мицкоски – Меџити: Етничка поларизација на ниво на премиер и вицепремиер

August 12, 2025
Фото: Македонијо во срце те носиме/ Фејсбук

По трагите на една естрадна иницијатива: Кој пее зло не мисли – си тера кампања

August 12, 2025

Локални избори 2025: Клучни рокови и обврски за институциите и медиумите

August 12, 2025

И сè ова е само почеток

August 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДИК постапува согласно законот – се очекуваат фер и демократски избори

April 3, 2024 13:47
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото; Скриншот

Фото; Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Очекувањата се дека претстојните избори ќе бидат фер и демократски без никакви притисоци и покрај вчерашната тензија меѓу претседателските кандидати на потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, по завршувањето на средбата на претседателите на подмладоците на политичките партии кои потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори.

– Сметам дека вчерашниот настан за потпишување на Кодексот имаше тензии, меѓутоа не верувам дека ќе продолжи во таа атмосфера, затоа што главно сите услови се исполнети. Од наша страна, односно техничките услови ги преземаме согласно со законот и во согласност на етиката и моралот на сите учесници. Сметам дека ќе биде уште подобро, затоа што сметам дека ќе поминат овие детски болести на напаѓања и нефер кампања и ќе се фокусираат партиите на изборната кампања, односно претставување на програмите, откако ќе почне кампањата, рече Даштевски.

Вели на вчерашното потпишување на Кодексот, дел од претседателските кандидати имале примедби кои се однесуваат на законот за платена политичка програма и кампања, за што рече дека ДИК има законска должност да го спроведува и постапува исклучиво во согласност со законот.

– Вчера имаше примедби кои се однесуваат на законот, што не би требало да бидат адресирани до нас, затоа што ние имаме законска должност и надлежност да го почитуваме законот и така да ги псотавиме работите. Таму се зборуваше претежно за измени во законот, што е доцна и можеби ќе се добие некој политички поен, меѓутоа тие работи треба на време да си се постават, а ние постапуваме исклучиво во согласност со законот и секое непостапување според законот повлекува и одговорност. Тоа беше најмногу за онаа поделба на средствата која не се смени во законот за платена политичка програма и кампања. За таквите работи треба да се залагаат пред почнување на изборниот процес, откако ќе влеземе во изборниот процес треба сите да бидеме дискретни во тие барања, порача Даштевски.

Претседателските кандидати вчера го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, освен претседателскиот кандидат на ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“, Стево Јакимовски. Тој порача дека ќе го почитува Кодексот, но дека нема да го потпише доколку ДИК не гарантира дека ќе организира дебати, посочувајќи дека одредени кандидати се максимално фаворизирани и средствата за кампањата не се рамноправно поделени.

Претседателите на подмладоците на политичките партии денеска ја потпишаа Декларацијата за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза, од каде порачаа дека Декларацијата ќе пренесе јасна порака дека младите политичари, како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво.

Тие порачаа дека на претстојните избори натпреварот треба да се одвива со програми и идеи, а не како што рекоа, со црна кампања.

Чинот на потпишување на Декларацијата е традиционален настан кој се одржува пред секои избори уште од 2014 година. Пред годинешниве избори, потпишувачи на декларацијата ќе бидат претседателите на подмладоците на 42 политички партии.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ