• Latest
Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово/ Фото: ЦИВИЛ

Димитриевски: Живееме во длабоко поделено политичко општество, ако сакаме мултиетничко општество треба да ги споиме младите да живеат заедно

June 12, 2021
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Димитриевски: Живееме во длабоко поделено политичко општество, ако сакаме мултиетничко општество треба да ги споиме младите да живеат заедно

June 12, 2021 15:33
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово/ Фото: ЦИВИЛ

Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово/ Фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Европските вредности, мултикултурализмот, но и Стратегијата „Едно општество за сите“ имаат своја улога и на локално ниво, чие влијание придонесува за развој и просперитет на целото општество, демократија, економијата и односот меѓу заедниците во целата држава. Токму за локалните политики, граѓнското учество и придонесот на локалната самоуправа во Општина Куманово кон европските перспективи  ЦИВИЛ разговараше со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитиревски.

ЦИВИЛ Медиа: Колку се придонесува од сите општествени чинители во промоција на европските вредности и мултикултурализмот?

Димитриевски: Под европски вредности подразбираме заедништво, заемно почитување,, права на малцинствата и секако човековите права и слободи. Општина Куманово е мултиетничка општина и ја претставува Македонија во мало. Живеат различни етнички заедници и сите имаат еднакви права и можности. Должни се да ги почитуваат законите на државата и да се водат по нив. Општината се обидува да изгради поголеми капацитети за да ги следи тековните трендови во делот на она што значи европски вредности, но и европски интегративен процес, бидејќи Македонија физички припаѓа на Европа и местото ни е таму во ЕУ. По дифолт се налага да се залагаме за едни вакви вредности каде што сите ќе имаат еднаква можност

Во рамките на Општината постои сектор  за евроинтеграции и локален економски развој и ние тие тимови и капацитети секојдневно ги надополнуваме со квалитетни кадри за да можеме да ги следиме тие трендови  и да се подготвуваме за предизвиците што престојат, особено во делот на имплементацијата на договорот што треба да следи со ЕУ.

ЦИВИЛ Медиа : Каква е соработката меѓу локалната власт, граѓанските здруженија, медиумите и граѓанките и граѓаните за активно учество и заемно вклучување во носење на одлуки на локално ниво?

Димитриевски:  Како Општина преку надлежните сектори реализираме поголем број на проекти. Тука се вклучени активно и претставници од невладиниот сектор. Сметам дека можеме многу повеќе особено со здруженијата на младите. Сега согласно законот ќе отвораме Младински центар  во Куманово. Јас ги повикувам младите луѓе да бидат креативни со идеи, со предлози кои понатаму ќе ги реализираме.

Реализираме голем број на манифестации, некои од нив еднодневни или неделни, а некои се врз база на годишна програма, како што се дневните центри, особено за работа со лицата со попреченост. Имаме и голем број на меки проекти, во делот на обуки, различен пристап, размена на искуства… Еден од последните настани беше фестивалот на мурали.

Вклученоста на јавноста е сѐ поголема на отворените и јавни панели. Се распишува повик и таму се разговара кој проект е најприфатлив или најдобар за заедницата. Отворено и јасно ги искажуваат своите ставови и потоа одлучуваме на кој дел ќе дадеме акцент и каде како Општина ќе помогнеме во рамките на програмите и на кого ќе ги доделиме тие средства за реализирање на одредени проекти. Дополнително имаме голем број проекти со странски организации како што е со ЕУ, вклучувајќи ги тука и Ерасмус + проекти што се реализираат преку основни и средни училишта каде што Куманово е лидер во државата . Дополнително го имаме УНДП и други странски организации. Морам да ја истакнам соработката со Амбасадата на Швајцарија, која е на многу високо ниво. Секој проект што го реализираме со нив е, исто така, ставен на јавни панели, расправи каде што се утврдуваат приоритетите на заедницата.

Разговор со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски / Фото: Дехран Муратов, ЦИВИЛ

ЦИВИЛ Медиа: Колку на локално ниво се спроведува Стратегијата „едно општество за сите“, особено во делот наменет за Локалната самоуправа?

Димитриевски: Куманово спроведува стратегија „Едно општество за сите“ уште од независноста на државата. Ние сме мултиетничко општество и се обидуваме тоа мултиетничко општество да го градиме и суштински, не само на хартија. За жал, тука се рецидивите од минатото каде што имаме комплетна поделеност на младите во делот на посетување на училишта. Нас младите поради рецидивите од минатото законски ни се поделени уште од основните училишта . Сега се обидуваме со мултиетнички групи во детските градинки, имаме три училишта кои ги посетуваат ученици од различни етнички заедници, повторно да ги споиме тие генерации на млади луѓе за да не се сведат на тоа дека етничките заедници, односно македонската и албанската заедница меѓусебе говори на англиски јазик. Тоа сѐ почесто се склучува. За да изградиме едно во суштина мултиетничко општество еднакво за сите тогаш првенствено треба да ги споиме младите луѓе да бидат заедно. Тоа е еден долгорочен процес кој бара многу време, но и дополнителни средства кои што Општината ги нема на располагање. Еве една конкретна идеја: изградба на мултиетничка градинка што би собрала поголем број на деца и би израснала нови генерации на деца што дополнително потоа низ воспитно образовниот процес ќе го дополнуваат своето другарство и ќе создаваат цврсти врски.

Ако тргнам од сопствениот пример, бев една од генерациите што не беше поделена и заврши средно училиште некаде во 1994 година. Денеска сите другари што припаѓаат на една мулти етничка средина и доаѓаат од различни етнички групи ги имам изградено врз база на моите контакти во основно и средно училиште. Многу работи во поранешниот систем, исто така, беа добро замислени, тогаш под слоганот „Братство-единство“, денеска низ „Едно општество за сите“. Дали проектот „Едно општество за сите“ ќе успее, ќе покаже времето. Јас сум убеден дека ние можеме да направиме многу да се намалат разликите меѓу граѓаните, меѓу заедниците, но и социјалните разлики не само верските, етничките или политичките разлики.

Живееме во длабоко поделено политичко општество кое е дефинирано на патриоти и предавници. „Предавниците“ се оние попрогресивните што сакаат да работат на овие теми, а патриотите се секогаш онаа хард-кор варијанта која што се бори за национални, етнички и други права и едноставно го опструира таквиот прогресивен начин на размислување на оние што се борат за поголемите вредности. Живееме под исто небо, на иста земја, еднакви сме сите од раѓање и така и ќе завршиме еден ден. Зошто би имало поделби воопшто во општеството, па дури и во светот?

За жал, морам да кажам дека и една од основните клетки на ваквите зачетоци на размислување, а тоа е ЕУ, во многу случаи кога ќе направиме анализа за она што се случува во моментот во Македонија во делот на нејзините евроатлански аспирации покажува дека има селективен пристап. Да го земеме случајот со Бугарија. Каде што несвојствено е да дискутирате за влез во ЕУ во 21 век, а сѐ уште да се држите за историски прашања или прашања што негираат одредени нации, народи и така натаму. Зарем според европските вредности ние денеска да се убедуваме што сме тоа и кои сме тоа ние и да слушаме континуирани негации од наши партнерски држави со кои утре ќе бидеме во Европа. А сѐ уште во 21 век го слушаме тоа. За жал, голем број од државите во ЕУ, немо реагираат на ова, а ги поздравувам сите оние држави како што беше случајот со Германија. Едноставно е недозволиво да разговараме за такви прашања, бидејќи доколку продолжиме на ваков начин да комуницираме, тогаш ќе сфатиме дека и во самата ЕУ постојат двојни стандарди.

ЦИВИЛ Медиа: Дали и на кој начин работи Локалната комисија за односи меѓу заедниците?

Димитриевски: Нашата Комисија за односи меѓу етничките заедници работи подолг временски период. Комисијата има советодавна улога , не е платена, не е професионална. Членовите на Комисијата што доаѓаат од сите етнички заедници што ги имаме во Куманово. Работат волонтерски. Секогаш се инволвирани во однос на секое прашање што се однесува до задира во прашањата, особено на помалите етнички заедници. Позицијата е ротирачка. Ако во минатиот мандат претседател, на пример, бил Албанец, во следниот ќе биде Македонец, па Влав, четвртиот од турската заедница итн. Дополнително ги отвораат сите прашања од сегментот на културата. Задолжително разгледување на оваа комисија оди секогаш годишната програма за култура и спорт каде што прашањето од сегментот на етногенезата на една етничка заедница е најзастапено во културата и дополнително секое прашања што е поврзано со националното или етничко прашање за одредена заедница. Отворени сме како општина и Совет, дополнително, за сите предлози и идеи . Еден недостаток во делот на функционирање на оваа комисија е што истата не е буџетски покриена во делот на нејзиното работење и можеби треба во иднина да се размислува функцијата на оваа комисија да се професионализира или со закон да биде покриена во делот на некои минимум финансиски средства што се потребни за нејзино функционирање.

ЦИВИЛ Медиа : Дали некогаш Општината била подложна н сајбер напади или хибридни закани?

Димитриевски: Сме имале во два наврати рушење на општинскиот веб сајт којшто го користиме за информирање на јавноста првенствено, сите јавни информации, особено во делот на јавните набавки, бидејќи сакаме да имаме транспарентна општина. Но, тоа се решавало во неколку дена од нашите ИТ оператори.

Знаете дека ова е глобален проблем каде многу чести се и проблемите со злоупотребите на ИТ технологијата, сите овие социјални мрежи и контакти, бидејќи сите ние сме навлечени на ваков начин на комуникација, но се обидуваме да ги следиме светските трендови во делот на доопремување со соодветна софтверска опрема за заштита на ваквите напади и контрола над ваквите состојби.

Биљана Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ