Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на панел дискусијата во Стокхлом, посветена на случувањата во земјите од Западен Балкан со фокус на нивната ЕУ-перспектива. изјави дека ја добивме десеттата препорака за почеток на преговори, а чекањето на 11-та препорака од ЕК следната година, нема да има лице да зборува да зборува пред граѓаните на Република Северна Макеоднија за европските перспективи на земјата.
Димитров додаде дека ако Европа не успее да го препознае прогресот што го направи земјата само за да се започне патувањето и ако по одложувањето на одлуката во јуни 2018 година, и јуни годинава, во октомври има ново одложување и Европскиот совет каже „не“, треба да признаеме дека не постои европска перспектива.
„Ако не ги започнеме пристапните преговори оваа година, тоа за мене значи дека не постои европска перспектива, по сето она што го постигнавме за две години“, изјави Димитров.
Најважната битка на неговата генерација, смета Димитров, е да направи услови за следната генерација да не ја напушти државата, да остане дома и да се бори за подобра европска држава.