• Latest

Димитров: Македонската кауза е моја мисија, македонскиот јазик го вративме во нацрт-преговарачката рамка

February 3, 2021
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025

Договор од 30 милиони евра од Србија за компанија вклучена во обвинението за Бањска

July 8, 2025
Фотографија: Центар за управување со кризи

РЕАКЦИИ: Еден доволен да запали, а цела држава неспремна да изгаси

July 8, 2025
ВОДА ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Какво е водоснабдувањето во вашата општина?

July 8, 2025
Ерол Ризаов

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Македонската кауза е моја мисија, македонскиот јазик го вративме во нацрт-преговарачката рамка

February 3, 2021 16:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на собраниската расправа по интерпелацијата на вицепремиерот Никола Димитров, пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Рахела Мизрахи го повтори ставот дека таа е резултат на немањето датум за безусловен почеток на преговорите за членство во Европска Унија што требаше да биде означена со првата македонско европска меѓувладина конференција. Според неа, Димитров не само што ја загрозил европската иднина туку и европската перспектива на државата.

-Одговорност мора да има. Политичка одговорност е основ и услов за обезбедување иднина на една држава затоа што за господинот Димитров законите не постојат. Еден пример е договорот од Нивици без намера да навлегувам во неговата содржина едно е факт, Димитров потпиша договор без да биде овластен од претседателот на државата што е инаку нормална уставна постапка. Затоа што едно изјавувате друго правите а трето се случува и тоа се случува за целата држава. Господине Димитров вие ја загрозивте не само македонската иднина и европската перспектива. Вие го загрозивте постоењето на македонскиот народ, историја, јазик и држава, рече Мизрахи.

Реплицираше вицепремиерот Димитров кој истакна дека во МНР е од 1 август 1996 година и од тогаш  до 3 февруари 2021 година – негова мисија е македонската кауза, а во однос на заштитата на македонскиот идентитет и јазик посочи дека македонскиот јазик што го изгубивте во 2006 година е вратен лани во нацрт-преговарачката рамка.

-Јас не сум бил член и уште не сум на ниту една политичка партија. Мене македонската кауза ми е животен повик. Ајде сега да видиме таа кауза каде беше претходно, со сите грешки и слепила направени од слепила, дали зла намера не сакам да верувам, каде е денеска… Бевме Поранешна Југословенска Република Македонија во светското семејство и во сите меѓународни владини организации, државјанството ни беше на ФИРОМ… Денес сме Северна Македонија и на Република Северна Македонија, не сме Тунгузија, нашата држава, нашата територија за која немаме спорови е во северниот дел на регионот, поширок регион Македонија, заедно со други држави… Македонскиот јазик си е во нашата лична карта и ја заокруживме државноста и членството во Обединетите Нации, рече Димитров.

Влеговме, дополни, во НАТО! 2014, 2015, 2016 година престанаа да зборуваа за нас по ходниците на НАТО… И бидејќи има обезбедување околу седиштето во Брисел, не можевме ни од прозор да видиме што се случува и како се случува внатре, меѓу другото тешки ни беа цокулите на античките војници за да можеме да ѕирнеме… Тоа нема врска со македонската кауза. А македонскиот јазик што го изгубивте во 2006 година е вратен лани во нацрт-преговарачката рамка и ние како Македонци  кои зборуваат македонски јазик ќе успееме и со европската интеграција бидејќи знаеме како, покажавме, рече Димитров./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ