• Latest

Димитров на работна средба со амбасадорите од ЕУ: Да се донесе одлуката за почеток на преговори

September 11, 2019
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров на работна средба со амбасадорите од ЕУ: Да се донесе одлуката за почеток на преговори

September 11, 2019 16:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, денеска во Брисел имаше работна средба со амбасадорите на земјите-членки при Европската Унија (КОРЕПЕР), во организација на финското претседавање со ЕУ.

Димитров потсетил на севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период, како на домашен план, така и на планот на унапредување на добрососедските односи и апелирал земјите-членки да ја донесат одлуката за почеток на пристапните преговори во октомври, врз основа на конкретните резултати и постигнувања истакнувајќи дека ваквата заслужена одлука ќе го зајакне влијанието и кредибилитетот на ЕУ во земјата, но и пошироко во регионот и ќе служи како поттик за понатамошна демократска трансформација на нашето општество.

Во дискусијата со присутните амбасадори по неговото обраќање Димитров уште еднаш укажал дека и покрај одредени предизвици и несовршености, земјата покажала зрелост, одговорност и силна политичка волја за реални промени и напредок.

-Македонската приказна е можност за заеднички успех со ЕУ, истакнал Димитров.

По состанокот со амбасадорите, шефот на дипломатијата имал излагање на настан организиран од страна на германскиот Маршалов фонд во Брисел, насловен „Од Преспа до Брисел: Патот на Северна Македонија кон европската и евро-атлантската интеграција“.

Димитров се осврнал на значењето на решавањето на повеќедеценискиот спор со Грција, за чекорите кои довеле до постигнувањето на историскиот Преспански договор, кој, како што се наведува, ја отклучи вратата и потенцијалот за соработка на повеќе полиња од заемен интерес во насока на придобивки на сегашните и идните генерации, како и за европската и евро-атлантската перспектива на нашата земја.

Во тој контекст, министерот се осврнал и на изгледите за полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО во светло на охрабрувачкото темпо на ратификации на Пристапниот протокол од страна на земјите членки на Алијансата.

Како што се посочува во соопштението, тој особено ја истакнал потребата за давање на зелено светло од страна на ЕУ членките за продолжување на евро-интегративниот пат, потенцирајќи дека таквата одлука би била вистински сигнал за прогресивните и проевропски сили, како и за целиот регион, во смисла на тоа дека европската перспектива е реална и достижна и вреди за истата да се вложи енергија и политички капитал при решавање на тешки отворени прашања.

Димитров нагласи дека Западен Балкан е всушност „остров опкружен со ЕУ земји-членки“ и дека отворањето на можноста за фер натпревар меѓу кандидатите базиран врз индивидуални заслуги и кредибилен скрининг особено во клучните области, всушност еден ден ќе доведе до комплетирање, наместо до проширување на Европската Унија, се посочува во соопштението. 

За време на двата дена работен престој во Брисел, министерот Димитров, реализираше и средби со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и со шефот на Кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Пјотр Серафин, како и повеќе разговори со претставници на дипломатскиот кор, на ЕУ институции и НАТО Генералниот секретаријат, како и на политичката, медиумска и бизнис заедница во Белгија, за време на приемот организиран од страна на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Брисел по повод 8 Септември.

По завршувањето на работната посета на Брисел, попладнево МНР Димитров ја продолжува европската турнеја со работна посета на Берлин. 

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ