• Latest

Димитровска: Тежнееме за влез во ЕУ, а даваме отпор за инклузивно образование!

July 19, 2019
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Димитровска: Тежнееме за влез во ЕУ, а даваме отпор за инклузивно образование!

Треба веќе да се размислува средствата од буџетите од општините или училиштата да се за инклузивно образование, а не за промоција на некого што ќе направи нешто што не е функционално и потребно за сите, истакна Благица Димитровска од „Инклузива“

July 19, 2019 08:52
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на влегувањето на новиот предлог закон за основно образование во собраниска процедура, ЦИВИЛ ја отвори темата за инклузијата на децата со посебни образовни потреби во рамки на редовното образование. По тој повод зборувавме со Благица Димитровска од Здружението за промоција и развој на инклузивното општество „Инклузива“ од Куманово.

„Новиот закон за основно образование е за поздравување и „Инклузива“ како здружение ќе даде напор за промоција на истиот затоа што според нас навистина време беше да се донесе законска обврска децата со попреченост да бидат вклучени еднакво со другите дечиња во редовниот образовен процес“, смета Димитровска.

Таа истакна дека и досега се практивало вклучување на овие дечиња во редовното образование, но родителите одлучувале дали нивното дете сакааат да биде во редовни паралелки, посебни паралелки или во училиште наменето за деца со посебни потреби.

„Постои отпор кај наставниците, постои отпор кај родителите на „здравите“ деца, а најмалку отпор постои кај децата, кај учениците. Тие ги прифаќаат децата со попреченост. Во новиот закон се предвидува ако се влоши здравствената состојба на било кој ученик, независно дали е со попреченост или не, да се спроведува настава во домашни услови додека е потребно што навистина е според европските стандарди. Ние тежнееме за влез во ЕУ, а не се согласуваме за инклузивно образование. Тука мора да има еден процес каде што ќе постои адаптација на училиштето. Најпрвин треба да се направи адаптација на физичката пристапност до сите простории во училиштето…. Има различни видови на попреченост, на вид, на говор, слух, интелектуална, телесна попреченост, а инклузија подразбира дека не смее да има дискриминација по ниту еден основ, ниту по видот на пореченост. Во законот мислам дека се предвидува до 2023 да се спроведува процесот на адаптација и вклучување на децата со попреченост во редовно образование… Второто нешто што треба да се направи е обука на наставниот кадар. Постои голем отпор кај наставниците да имаат дете со попреченост во нивната паралелка  со оправдување дека им одземаат време и неможат да работат со другите ученици“, изјави Димитровска.

Законот, исто така, предвидува Бирото за образование да подготвува унифицирани програми по кои ќе се работи со децата со попреченост што предвидува дека со стандардизирана програма образовните тимови ќе мора да подготвуваат индивидуални планови за сите деца, а не само за децата со попреченост според нивните можности, способности и потреби за понатамошен развој.

„Можеби овој закон не е идеален и ќе треба извесни промени до негово донесување, но е многу подобар од досегашниот…. Ние сме таков народ, ако не постои казна, не ги почитуваме законите. Кога тоа ќе профункционира брзо ќе се одвива процесот… Треба веќе да се размислува средствата од буџетите од општините или училиштата да се за оваа намена, а не за промоција на некого што ќе направи нешто што не е функционално и потребно за сите“, истакна Димитровска.

Таа вели дека се ратификуваа неколку конвенции со кои државата се обврза дека децата со попреченост и лицата со попреченост ќе имаат еднакви права со останатите, но многу малку се направи и мора тој процес да се интензивира за да се постигне инклузијата за која сите зборуваме.

Биљана Јордановска


прочитајте повеќе:

Инклузијата меѓу декларативноста и реалноста


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share197Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ