„Сè повеќе се пласираат дезинформации отколку точни информации. Се ставаат некои вести ударни најмногу од порталите и социјалните мрежи каде луѓето најмногу следат. Се создава некој раздор меѓу народот во однос на сите состојби и во држава и надвор од неа, во однос на војната, но и за сите прашања толку дезинформации има што луѓето се заведуваат во погрешна насока. Со неинфрмаираниот народ многу лесно може да се владее. Мора да се преземат повеќе мерки да се спречат дезинформациите и еднаш засекогаш да се добие доверба во системот и во сè она што се прави во државата, односно да се пласираат точни информации“, изјави Благица Димитровска, претседателка на „Инклузива“ од Куманово, одговоарајќи на прашањето каква е состојбата со дезинформациите во нашата земја.
Изјавата е дел од активностите во проектот „Зад димната завеса“ со кој ЦИВИЛ спроведува медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата.
Б. Јордановска
камера: Дехран Муратов