• Latest

„Дип фејк“ видео, дел од руската пропаганда – технологија користена во филмови, порнографија, а сега и во војна

March 22, 2022

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Дип фејк“ видео, дел од руската пропаганда – технологија користена во филмови, порнографија, а сега и во војна

March 22, 2022 14:09
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Телевизијата Украина 24 беше мета на хакерски напад со цел ширење на руска поропаганда. На 16 март на споменатата телевизија беше објавено видео, во  кое наводно, претседателот на Украина, Володомир Зеленски повикува на демилитаризација, поточно да се разоружаат војската и насалението. Исто така, во лажното видео беше посочено дека Зеленски најавува капитулација на државата, објави Фронтлајн.мк.

Видето беше лажно, а истото го потврдија неколку релевантни извори. Меѓу нив ТВ Украина 24, самиот претседател Володомир Зеленски кој демантираше преку видео снимка. Кога видеото беше распространето на повеќе социјални мрежи.

„Како прв обид сакав да го вратам Донбас, но тоа не успеа. Беше само полошо. Многу полошо. Повеќе од јасно е дека нема иднина , барем нема за мене. Одлучив да се збогувам од вас. Апелирам до сите да го положите оружјето и да се вратите на вашите семејства“, наводно изјавил Зеленски во лажното видео.

 

И од  ТВ Украина 24 веднаш потврдија дека се работи за хакерски напад.

„Ова е лага, пријатели, постојано предупредуваме за ова. Никој нема да се откаже. Особено во услови кога армијата на Руската Федерација трпи порази во битките со украинската армија“, напишаа од Тв Украина 24“ на „Телеграм“. Според телевизијата, станува збор за лажно видео, направено од руски хакери.

По објавувањето на видеото, преку нова снимка се обрати и украинскиот преседател Зеленски. Тој го оквалификува лажното видео како провокација на Руската Федерација.

И од Службата за безбедносни протоколи на „Мета“- во чија сопственост се социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук, потврдија дека се работи за лажно „дип фејк“ видео кое брзо се рашило на социјалните мрежи. Раководителот за безбедносна политика во Мета, Натaниел Глејшер, на Твитер објави дека лажното видео е избришано, а најверојатно било направено со помош на т.н. „дип фејк“ технологија,,  што доколку биде потврдено ќе биде првиот таков инцидент од почетокот на воените дејствија во Украина.

„Видеото се појави на компромитирана мрежна станица и се прошири низ Интернет.“ објави на Твитер, Натаниел Глејшер.

По лажното видео со Зеленски, се појави и ново „дип фејк“ видео на рускиот претседател Владимир Путин кој наводно најавува капитулација на Русија.

Што е „дип фејк“ технологија  и каде се користи?

Според описот на Википедија, дипфејкс или „порманто“ се синтетички или персонализирани снимки, во кои личноста на веќе постоечка слика или видео се заменува со друга личност. Терминот „deepfake“ е комбинација од два збора – (deep learning) длабоко учење и  (fake) лажен. Длабокото учење е форма на вештачка интелигенција (artificial intelligence) АИ  која користи големи збирки податоци за да се научи сам да го  реши проблемот . Во случај на deepfakes, измамниците користат вештачка интелигенција за да создадат лажни видеа со вистински изглед со замена на лица во видео, пишува bgr.in.

Постојат многу примери на длабоки фејкови достапни на интернет денес. Едно од најпознатите дип фејк видеа е она во кое наводно Џон Сноу се извинува за разочарувачкиот крај на „Игра на тронови“ или видеото во кое основачот на Фејсбук, Марк Закерберг „се фали“ дека има контрола над „украдените податоци“ на милијарди луѓе.

„Дип фејк“ технологијата не е нова и се користела за манипулација во многу сфери. Досега најчесто се користелaво филмови, детска порнографија, секс скандали со познати личности, одмазднички видеа, лажни вести, измами, малтретирање и финансиска измама…

„Дипфејк“  технологијата може да се користи за правење било што, од гласовни клонови до создавање фотографии од луѓе од нула. Дипфејк аудиото се користи и за да се направат поубедливи видеа.

За што се користат „дип фејкс“?

Deepfakes веќе се користат во индустријата за правење филмови. Се користеше за вметнување на младото лице на Харисон Форд на лицето на Хан Соло во Star wars.  Но, може да се користи и за измама на луѓе и лажно претставување на политичарите. Во 2018 година, една белгиска политичка партија објави видео од Доналд Трамп во кое ја повикува Белгија да се повлече од Парискиот климатски договор. Трамп никогаш не го одржа тој говор – тоа беше длабок фејк.

Истата година, Џордан Пил соработуваше со Buzzfeed за да создаде длабок фејк на поранешниот американски претседател Барак Обама во гласот на Пил за да ја подигне свеста за длабоките фејкови, пренесува bgr.in.

Иако ова се релативно безопасни употреби, лажните „дип фејк“ видеа како тоа со украинскиот претседател Зеленкси можат да соборат влади и да предизвикаат војни.

Како да забележите „длабоки фејкови“?

Полесно се забележуваат дипфејк видеа со слаб квалитет. Во лажните видеа ќе забележите неприродно трепкање, лошо синхронизирање на усните, проблеми со косата, кожата или лицето или замаглување по линијата каде што е вметната сликата, пишува bgr.in.

Технолошките компании Мета, Мајкрософт, Гугл и Твитер исто така користат алгоритми засновани на вештачка интелигенција за воочување на фалсификати.

И. Т. Зафировска / Фронтлајн

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ