Дипломатска офанзива за уставни измени денеска и утре – специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин е во посета на Северна Македонија.
На агендата на Сарацин најпрвин е средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски која треба да се одржи денеска додека утре посетата ја завршува со средби со премиерот Димитар Ковачевски.
На агендата на Сарацин се и пратениците во законодавниот дом, и претседателот на Собранието, а во вторник посетата ја завршува со средби со премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Сарацин денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери. Посетата на Сарацин доаѓа околу измените на Кривичниот законик и е само првата фаза од политичкиот пазар за уставните измени. Има најави дека власта доколку добие гаранции ќе понуди и амнестија за 27 април и изборните нерегуларности.