Денес во просториите на СДСМ заменик-претседателката на партијата Радмила Шекеринска, членот на ИО Рената Дескоска, меѓународниот секретар на СДСМ Бојан Маричиќ и носителот на кандидатската листа во ИЕ1 Никола Димитров, одржаа дипломатски брифинг на актуелни теми.
На брифингот беа поканети и учествуваа амбасадори и претставници на амбасадите на државите членки на ЕУ, Обединетото Кралство, САД, ЕУ и ОБСЕ.
Се зборуваше за мерките кои се преземаат за справување со пандемијата и организација на предвремени парламентарни избори во најскоро можен рок.
Одговорно пред се за здравјето на граѓаните, економијата и демократијата е изборите да се одржат во првиот можен рок, пред новиот бран од коронавирусот наесен кој треба да го дочекаме целосно подготвени, со Собрание и Влада со полн легитимитет.
Заради одговорност пред државата и грижа за граѓаните, укажаа на цврста определба да се почитуваат уставот и законите и да се одржат изборите согласно роковите од 22 дена по завршување на вонредната состојба.