• Latest
Амбасадорка на Украина, Лаирса Дир(фото: Д.Мишев/ЦИВИЛ)

Дир: Украина и Украинците плаќаат превисока цена за својатa независност и слобода

August 24, 2023

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дир: Украина и Украинците плаќаат превисока цена за својатa независност и слобода

August 24, 2023 11:30
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Амбасадорка на Украина, Лаирса Дир(фото: Д.Мишев/ЦИВИЛ)

Амбасадорка на Украина, Лаирса Дир(фото: Д.Мишев/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

„Украинците вторпат по ред го слават Денот на Независноста на Украина во услови на жестока руска агресија против Украина. Сега, бранејќи ја својата независност, Украина крвари. Украинците го бранат своето право на живот, суверенитет, територијален интегритет, како и универзалните човечки вредности, односно оние начела и морални принципи кои помагаат да се хармонизира постоењето на луѓето“, изјави денеска амбасадорката на Украина, Лариса Дир, по повод одблежувањето на Ден на украинската независнот во Скопје.

Во своето обраќање Дир нагласи дека Украина и Украинците плаќаат превисока цена за својата независност и слобода.

„Безбедноста зазема посебно место меѓу универзалните човечки вредности. рф уништи дел од европскиот безбедносен простор, меѓународното право, грубо ги прекрши и духот и нормите на хуманитарното право. Тоталитарниот режим на рф ги пропагира идеите за насилство и смрт. Предаторската надворешна политика допре до сите континенти на Земјата. Епицентарот на дуелот е во Украина, но руското зло им се заканува и на другите европски држави.

Од моментот на инвазијата од големи размери на рф на територијата на Украина – од 24-ти (дваесет и четврти) февруари 2022 (две илјади дваесет и втората) година, државата агресор уби илјадници Украинци со ракетни и артилериски гранатирања, ги претвори во пепел процутните градови и села на Украина, украде десетици илјади украински деца, мачеше и малтретираше цивили и воени заробеници“, нагласи Дир.

За да се зачуваат украинските животи и Украина потребна е помош. Таа помош се подобрува секојдневно, нагласи Дир, заблагодарувајќи им се на земјите што пружаат поддршка.

„Затоа, секоја одлука поврзана со помагање на Украинците е од витално значење за нас – ни овозможува да преживееме, да се бориме, да се браниме и да се заштитиме.

Би сакала лично да им се заблагодарам на Претседателот, Владата, Собранието на Република Северна Македонија за политичката, одбранбената и хуманитарната поддршка на Украина. Посебна благодарност за неодамнешната одлука на Владата во врска со тоа на Украинците да им се обезбеди привремена заштита во период од една година, со која се предвидува право на привремен престој, пензиско осигурување, вработување и здравствено обезбедување.

Посебна благодарност и до Првата дама на Северна Македонија за поддршката на Третиот самит на Првите дами и господа, чија тема ќе биде дискутирање на прашањата поврзани со менталното здравје.

Се проширува кругот на држави кои ја поддржуваат Украина. Во тоа помагаат различни меѓународни формати и политички платформи – пред сè, тоа е Формулата за мир предложена од Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, која треба да се реализира што е можно поскоро.

Украина има среќа што Северна Македонија е со Украина уште од првите денови на инвазијата од големи размери на рф против Украина“, потенцираше амбасадорката.

„Неодамна, за време на одбележувањето на Денот на Армијата на Република Северна Македонија, Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, истакна дека Македонците ѝ помагаат на Украина не затоа што мораат, туку затоа што тоа е единствениот начин да се биде на вистинската страна на историјата.

Навистина сакам правилното разбирање на историјата, разбирањето на универзалните човечки вредности – безбедност, слобода, достоинство – да се прошири низ целиот свет и да стане предност за оние кои се само на пат да ја поддржат Украина. Посилни сме заедно, Независноста на Украина ќе се зајакнува, бидејќи вредноста за нас е самиот човек.

Ние ќе победиме затоа што имаме внатрешен отпор, сила на духот и силна поддршка од нашите партнери’, ијзави Дир.

Tags: ден на независностЛарис ДирУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ