Директорот на Централната агенција за разузнавање на САД (ЦИА) Мајк Помпео застана во одбрана на практиката за средби со шефовите на руските разузнавачки служби, откако беше објавено дека највисоки разузнавачи на САД минатата недела се сретнале со шефот на руската Надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин.
Наришкин минатата недела во САД разговараше со директорот на американската Национална разузнавачка служба Ден Коутс и други американски функционери.
– Периодично се среќаваме со нашите руски разузнавачки колеги од иста причина како и нашите претходници – да ја зачуваме безбедноста на Американците, рече Помпео во писмо до лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.
Тој смета дека нема ништо лошо во таквите состаноци.
[divide]
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.