• Latest

Дисциплинска комисија во ЦУК ќе ја утврдува одговорноста за случајот кај кратовското село Емирица

April 16, 2021

ЕУ може да преземе мерки против Израел ако условите во Газа не се подобрат

June 24, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за Парадата на Гордоста во Скопје?

June 24, 2025
фотo: Фејсбук профил на Петар Богојески

Богојески нема да директорува со Агенцијата задолжена за „Еразмус“, притисокот од јавноста и ЕУ даде резултат

June 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

(ВИДЕО) Трамп користејќи пцовки изрази незадоволство од Израел и Иран поради прекршувањето на примирјето

June 24, 2025
фото: скриншот

Фетаи: Методологијата за правичната застапеност ќе се базира на последните резултати од пописот

June 24, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Бројот на жртви во Газа надмина 56.000

June 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Цените на нафтата и златото паднаа на двонеделен минимум по примирјето меѓу Израел и Иран 

June 24, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителството одлучи во корист на новинарот кој со телефон ја снимил портпаролката на Град Скопје

June 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
DW News

САД се целосно посветени на НАТО, вели Руте пред самитот во Хаг

June 24, 2025
Фото: Скриншот Х

Израелските сили убија најмалку 25 лица кои чекале хуманитарна помош во Газа

June 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Дисциплинска комисија во ЦУК ќе ја утврдува одговорноста за случајот кај кратовското село Емирица

April 16, 2021 15:12
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Дисциплинска комисија ќе ја утврдува одговорноста врз основа на конечниот извештај на Комисија за утврдување на правилноста во примената на мапите на работен процес формирана на 5 април, за работењето на РЦУК Кратово, РЦУК Куманово и Дежурниот оперативен центар, ДОЦ на ЦУК, а во врска со настанот за спасување на настраданиот од мозочен удар и премрзнување од високо планинското село Емирица.

Ова го најави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција и нагласи дека на крај одговорноста ќе ја утврди Јавното обвинителство.

Ангелов на прес-конференција повтори дека се направени во овој случај мали пропусти, но, нагласи, дека проблемот е мулти институционален. Информира дека минатата недела побарал од Министерството за здравство информација дали и колку се почитувани медицинските протоколи, а истото било побарано и од МВР, од Министерството за локална самоуправа.

– Во ниту еден момент ЦУК не се прогласил за ненадлежен. Од страна на ЦУК се преземени низа дејствија и контактирани се без малку сите субјекти на системот за управување со криза, изјави директорот на ЦУК и изрази надеж дека инволвираниот доктор во овој случај ќе има доблест, како што рече, да каже дека погрешил за неговиот директен напад кон ЦУК.

фото: МИА

Според д-р Стевко Стефковски, раководител на секторот за аналитика во ЦУК, и раководител на Комисијата што го испитуваше случајот, самите мапи на работен процес се од постар датум за РЦУК за Кратово и за Куманово се од 2015 година, има пропусти во водењето дневник за самиот настан и евиденција на случените разговори, како и одредени технички недостатоци, пред се снимањето на разговори.

–  Вработените кои биле на работните места во контекст на настанот не преземале одредени известувања кон субјектите на системот за управување со кризи на локално и на национално ниво. Првиот пропуст што е идентификуван на локално ниво е дека не е известено подрачното одделение на ДЗС во Кратово, иако колегите тоа го направиле врз основа на проценка на ситуацијата. Знаејќи дека основното средство што се бара е теренско возило и имале информација дека подрачното одделение не располага со теренско возило и водејќи се од тој факт не направиле службено известување и не побарале асистенција од подрачното одделение на ДЗС во Кратово. Следното ниво е нема побарување на дополнителни ресурси од другите субјекти во системот за управување со кризи, како што е Армијата бидејќи оперативната процена од терен, немало побарување за таков ресурс и соодветно на тоа, по направената оперативна процена не е извршено побарување ресурси од другите субјекти, појасни Стефковски.

Дополни дека има и мали недостатоци во комуникацијата со локалната самоуправа.

Љупчо Крстевски, самостоен референт во републичкиот центар за управување во Кратово, оперативецот кај кого прво доаѓа информацијата дека на лице му е потребна итна медицинска помош во случајот кај село Емирица и Тони Ивановски советник и вд раководител во ЦУК во Кратово, на денешната прес-конференција тврдеа дека никој од нив не се прогласил за ненадлежен и оти ниту еднаш не бил побаран хеликоптер, туку само теренско возило.

– Хеликоптер во ниту момент не беше побарано, ниту од директорот на Здравствениот дом, ниту од докторот на лице место присутен со пациентот, тоа така си остана, појаснуваше меѓу другото Крстевски.

Ивановски посочи дека веднаш почнал телефонски да ги контактира институциите за да помогнат со теренско возило и на екипата за пациентот да се донесе во болнички услови.

фото: МИА

– Никој во ЦУК нема кажано дека не сме надлежни, ако било тоа така немаше да вртам и да барам теренско возило. Известен сум дека на докторот му е понудено теренско возило од Брзата помош, но тој го има одбиено. Хеликоптер во никој случај не беше побарано, не знам од каде после како медиумите, социјалните мрежи го пропираа, од негова страна беше побарано само теренско возило, изјави Ивановски.

Настанот, спасување на настраданиот од мозочен удар и премрзнување се случи на 31 март (среда) во Општина Кратово од високо планинското село Емирица, за што беше објавено на социјалните медиуми во неделата (4 април), а предизвика голем интерес во јавноста.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ