• Latest

Дивоградбата на Усеини ќе биде отсранета, ветува премиерот, ДУИ бара неселективно уривање

July 30, 2019

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дивоградбата на Усеини ќе биде отсранета, ветува премиерот, ДУИ бара неселективно уривање

July 30, 2019 14:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Се преземаат управни постапки против охридскиот советник Нефи Хусеини“, одговори премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање, зошто му се дозволува на советникот такво самоволие, напад врз универзитетски професор и што ќе се преземе со оглед на коалицијата на власта со партијата на овој советник на локално ниво, јавува МИА.

 „Без разлика за кој се работи, од кој сака нека е ако се огрешил по закон, законите важат еднакво за сите“, изјави Заев, по денешната посета на новиот Ургентен центар во Куманово.

Тој информира дека општина Охрид веќе издала решение за отстранување на неговата дивоградба, и се очекува извршувањето да почне.

„Ако немаат храброст, ако немаат можност, ако не можат тоа да го завршат согласно законот, се одземаат ингеренциите и Владата ќе постапи. Јас ве уверувам дека дивоградбата ќе се отстрани. Секако, ако има физички напад, МВР отвара истрага, и секој ќе си одговара, ако направи физички напад никој нема да биде заштитен. Јас не сакам да судам по делот на документации за дивоградби, по делот за вина за напад, тоа се истрагите кои ќе се водат и тие ќе го покажат тоа“, рече Заев.

Уверува дека предрасуди и резерви нема да има кон никој.

„Тие што се учесници во политичкиот живот, претставници на политички партии, па уште ако се претставници на владејачките партии треба да бидат пример и да го почитуваат законот“, нагласи премиерот Заев во Куманово.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, пак, денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали ДУИ ќе преземе мерки против Усеини, кој со неговите постапки го руши имиџот на партијата, информира дека имаат комуникација за да видат за што поточно се работи. Сепак, нагласува дека нема потреба да се партизира и политизира. Секој, подвлече, си носи одговорност за постапките и ДУИ нема да поддржи или заштити никој доколку го има прекршено законот.
„Одговорот од таму беше дека доколку се почне со неселективно рушење на дивоградбите, ќе го цитирам: ќе ја имаме честа да почнеме од него со рушењето. Неселективниот пристап е најважен и обидот да се партизира или политизира еден погрешен пристап на одредени бизниси или пак луѓе во текот на изградбите“, појасни Османи и посочи дека токму ДУИ била предлагач на законот со кој се воспоставија строги правила во однос на дивоградбите.
За во делот на дивоградбите, Османи повика да се почне со неселективно уривање на сите дивоградби, не само во Охрид, како најсензитивно подрачје и заради УНЕСКО, туку низ целата држава.
„Пред законот сите ние сме со име и презиме, не сме претставници на ниту една политичкја партија, ниту на заедниците, туку со име и презиме, дали почитуваме или не закони. Доколку некој го прекршил законот треба да се делува и ДУИ нема да заштити никој. Мислам дека не треба да има предрасуди врз основа на локални политички борби таму, кои тука во Скопје се пренесуваат во разни форми. ДУИ ќе ги анализира информациите за да се види вистината за овие случувања и ако има прекршувања ДУИ ќе го сочува својот имиџ и својот став во однос на почитување на законите“, рече Османи.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ