• Latest

ДКСК ќе ги глоби функционерите кои нема да достават податоци за избраните и именувани лица

September 28, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДКСК ќе ги глоби функционерите кои нема да достават податоци за избраните и именувани лица

September 28, 2019 13:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Глоба од 300 до 500 евра им се заканува на одговорните лица во државните институции кои на Државната комисија за спречување на корупцијата нема да и достават податоци за избрани и именувани лица, за кои се надлежни. По неколку неуспешни обиди да ги поттикне институциите да и достават податоци неопходни за регистарот на избрани и именувани лица, ДКСК со соопштение ги потсети институциите дека недоставувањето на податоците повлекува прекршочни санкции.

„Државната комисија за спречување на корупцијата ги повикува надлежните институции кои вршат избори и именувања да ја исполнуваат законската обврска и во законски предвидениот рок да ги доставуваат бараните податоци. Истовремено, Државната комисија укажува дека за неисполнување на наведената обврска е предвидена прекршочна одговорност.“, наведува ДКСК во соопштението.

Комисијата потсетува дека според член 112 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси,  „глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на раководно лице на институција, односно орган кој врши избори и именувања или на од него овластено лице кое до Државната комисија без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на верификацијата на мандатот, изборот и именувањето, како и по престанокот на функцијата, односно должноста на избраното и именуваното лице нема да достави пополнет образец со податоците за лицата од членот 82 став (1) од  законот“

Според Законот, ДКСК води  регистар на избрани и именувани лица, одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи или други правни лица кои располагаат со државен капитал, нотари, извршители и административни службеници од категоријата А утврдена со закон или лице вработено во кабинетите на претседателот на Републиката, претседателот и потпретседателите на Собранието, премиерот, вицепремиерите, министрите и генералниот секретар на Владата, заради извршување на работни задачи на посебен советник, кои се должни да поднесат изјава за имотна состојба и интереси .

При неодамнешниот обид на „Мета“ да дојде до бројот на избрани и именувани функционери, ДКСК одговори дека „поради неажурното и ненавременото доставување на обрасците за Регистарот за избрани и именувани лица од страна на надлежните институции ДКСК не може да даде точна бројка на избрани и именувани лица во земјава

„Поради ова ДКСК веќе неколку пати има испратено официјален допис до сите надлежни институции со цел да се подобри навременото и ажурно испраќање на обрасците со предупредување дека во спротивно ќе почне да превзема казнени мерки согласно Законот“, одговори ДКСК.


Извор МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ