Државната комисија за спречување корупција ќе испитува како Министерството за култура ја доделува државната награда „Св. Климент Охридски“.
ДКСК ќе побара документи од Министерството за култура и пример на доделување на наградата од 2018 за да се види целата процедура. Ваквата одлука на ДКСК е резултат на пријава од универзитетска професорка, која претходно била наставничка.
Во пријавата професорката вели дека по правило оваа награда од 4.000 евра треба да ја добиваат учители и професори, но наспроти тоа таа завршува кај функционери, како ректори и декани. Иако пријавата не е против конкретни лица, антикорупционерите одлучија да отворат предмет и да испитаат по кои критериуми се доделува оваа награда, кој одбор одлучува и каква е постапката.