• Latest

ДКСК ќе се бори против корупцијата без пардон!

March 1, 2019

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДКСК ќе се бори против корупцијата без пардон!

March 1, 2019 17:31
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија, по сите перипетии, со нови законски решенија и нов состав, ќе стреми кон отворена и решителна борба против корупцијата особено во изборен контекст.Тоа е најважниот заклучок од денешната средба меѓу ЦИВИЛ – Центар за слобода и речиси полниот состав на ДКСК, на која се разговараше за можностите за заедничка сорабтка, пред сѐ во текот на изборниот процес, но и во иднина.

ЦИВИЛ, како организација со долгогодишно искуство во изборниот мониторинг ги претстави своите методологии на набљудување, што се набљудува и како организацијата ги информира како да ја препознаат, но и ги охрабрува граѓанките и граѓаните да пријават изборна корупција.

„Предмет на наш интерес се поткупот на гласачите, изборните измамнички практики и сите коруптивни елементи што го следат изборниот процес. Нашите набљудувачи овие состојби ги следат долгорочно, но особено интензивно од моментот на распишување на изборите, сѐ до денот на гласањето, но и во постизборниот период. Исто така, остануваме секогаш отворени и кон соработка со релевантните институции, а најголема помош ни се граѓанките и граѓаните кои навистина веруваат во нас и знаат дека уживаат апсолутна заштита на нивниот идентитет“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, на средбата.

На состанокот беа присутни скоро сите членови на ДКСК, како и претставници на другите тела на институцијата. Тие покажаа максимална отвореност и спремност да дискутираат на секоја тема поврзана со коруптивните практики и искажаа искрена намера непоколебливо да се борат против корупцијата, во соработка со сите што сакаат да помогнат во таа борба.

Комисијата понуди отворена соработка со ЦИВИЛ за сите потребни активности во борбата против корупцијата, вклучувајќи и потпишување меморандум за соработка, како и да се разменуваат информации на редовна основа.

„Треба да се охрабрат луѓето да пријавуваат коруптивно дејствување. Тие треба да сфатат дека има некој што навистина мисли на справувањето со корупцијата… 90% од граѓаните не знаат дека можат слободно да влезат во ДКСК и да пријават корупција, а истовремено дека ќе бидат заштитени… Ние ќе работиме на приоритетни предмети, што веќе ги почнавме, но тоа не значи дека нема да се работи и на помалите претставки што се во голем број и се однесуваат на поединечните интереси на граѓаните…“ – вели Билјана Ивановска, Претседателка на ДКСК.

Свесност постои дека механизми за спречување на корупцијата има, но она што недостасува е нивна имплементација. Како што посочија членовите на ДКСК, ништо не се прави преку ноќ, но важно е да нема застој во процесот. Новиот состав се соочува со недовршени работи и на други институции, како и на претходниот состав на ДКСК.

Нивна препорака е сите институции да работат по допрен глас и се надеваат дека нивната работа ќе ги сензибилизира и другите институции. Главната цел и приоритет на ДКСК останува да се понудат системски решенија за справување на корупцијата во институциите.

текст и фотографија: Биљана Јордановска

Share54Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ