• Latest

ДКСК одби седум од девет приговори на ВМРО-ДПМНЕ

April 10, 2019
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДКСК одби седум од девет приговори на ВМРО-ДПМНЕ

April 10, 2019 15:26
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се одбиени седум од девет приговори поднесени од ВМРО – ДПМНЕ за прекршување на Изборниот законик и Законот за корупција и судир на интереси, од распишувањето на претседатеските избори.

За приговорот во однос на злоупотреба на имот во сопственост на Општина Шуто Оризари за одржување прес-конференција од страна на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, ДКСК побара дополнителни информации од локалната самоуправа за сопственоста на објектот, за кој овластените претставници од Шуто Оризари на седницата тврдеа дека посочениот објект односно салата во која е одржана прес-конференцијата во приговорот не е во сопственост на Општината.

ДКСК за приговорот за можен судир на интереси во однос на објавениот повик за субвенции од страна на Град Скопје за велосипеди по принципот прв пријавен прв услужен, констатира дека досега нема изврешено никаква исплата на барател и во тој дел приговорот се одбива. Меѓутоа, беше истакнато пред градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов кој беше присутен на седницата, предметот не е затворен и писмено ќе се побара од надлежниот јавен обвинител во рок од 30 дена да ја извести комисијата за преземените активности до аспект на доброто управување, што би можело да предизвика прекршување Изборниот и Законот за борба против корупција и судир на интереси.

Шилегов истакна дека многу се внимава да не дојде до законски прекршувања, а се работи за Програма како редовна активност, за субвенционирање велосипеди и затоа нема дополнување за самата исплата. Потврди, дека досега нема исплатено ниту денар по таа основа, ниту е донесено какво било решение.

„Не станува збор за правен проблем, мислам дека се работи за политичко поднесување на овој тип приговори, со цел да се направи некакво алиби за очигледниот дебакл што ќе го доживеат на претседателските избори“, рече градоначалникот Шилегов.

Другиот приговор од ВМРО – ДПМНЕ за активност на Град Скопје, а беше одбиен, се однесуваше на објавениот оглас за набавка на современи уреди за затоплување – инвертери, во насока за заштита на животната средина. ДКСК смета дека немало прекршување на Изборниот законик

Одбиени се приговорите за објавен оглас за вработување на 116 сезонски работници од страна на АД „Водостопанство“ за реконструкција на дел од ул. „Јуриј Гагарин“ во Општина Карпош, за доделување 150 пакети со храна и основни животни намирници на семејства со висок социјален ризик од страна на Општина Центар, за што беше образложено дека се работи за заедничка активност со невладина организација, а средствата се донација и не се одвоени од општинскиот буџет.

Одбиен е и приговорот за владиниот повик за финансиска поддршка на Здруженија и фондации за нивните програмски активности, со вкупно грант од 12 милиони денари, бидејќи постапката е ставена во мирување се до завршување на изборите.

Исто така, одбиени се и приговорите од ВМРО – ДПМНЕ во однос на јавниот повик од страна на Агенцијата за вработување за невработените лица до 34 години да се вклучат во програмата за практиканство, како и за објавениот оглас од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство односно од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кој се однесува на отпочнување на постапката за поднесување барања за користење средства за реализација на мерките воспоставување локални акциски групи и реализација  стратегии за локални еконосмки развој на рурални средини се обезбедени во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ