Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница соопшти дека го отвора предметот за именувањата во АРМ од претседателот Ѓорѓи Иванов.
Именувањата и унаредувањата според сознанијата на ДКСК се направени во изборен период, што е казниво соглансо Изборниот законик.
Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска изјави дека ќе се достави барање до Иванов за целосна документација за да можат да постапуваат по предметот.
Исто така, на седницата се соопшти дека 28 декани на факултети немаат поднесено анкетни листови до Антикорупциската комисија поради што ќе биде покрената прекршочна постапка.
Комисијата побара сите именувани раководни лица да достават до нив анкетни листови бидејќи сегашниот регистар не е доволно ажуриран.