Државната комисија за спречување на корупција денеска поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска Ставридис, поради неисполнување на законската обрска за поднесување на анкетен лист за имотната состојба.
Мандатот на директорката од август 2017 постојано се продолжувач, а анкетните лисотив за имотната состојба ги поднела наеднаш на 15 мај оваа година.
Пријавата до ДКСК ја доставиле анонимни граѓани и лекари, а дополнително ќе се испитува по кој критериум директорката унапредувала лекари во раководители.