• Latest

ДКСK со апел до Пендаровски да не го потпишува законот за изградба на коридорите 8 и 10

July 16, 2021
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДКСK со апел до Пендаровски да не го потпишува законот за изградба на коридорите 8 и 10

July 16, 2021 12:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) своето мислење по однос на Предлог – законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 Д  во Република Северна Македонија, требало денеска да го достави до претседателот на Собранието, но вчера законот е донесен во скратена постапка од стана на пратениците и затоа ќе биде упатено до шефот на државата Стево Пендаровски и понатаму до надлежните институции.

Ова го соопшти на денешната прес-конференција претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, која укажа дека ставот на ДКСК, по извршена антикорупциска проверка, е дека овој закон, како целина претставува висок ризик фактор за корупција и судир на интереси и во суштина го суспендира правниот систем во државата, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Додаде дека донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса, ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси.

Таа информира дека ДКСК ќе го достави нивното мислење и ќе бара од претседателот Пендаровски да не го потпише овој указ, но доколку го потпише, најави, ќе биде даден на Уставен суд. Од ДКСК се категорични дека ќе ги користат сите алатки што се овозможени во системот да ги употребат во вакви случаи и нема да се откажат.  Според Ивановска, охрабрува тоа што претходниот пат кога Пендаровски, како што рече, покажа зрелост да не го потпише Законот за правен статус на бесправно изградени објекти и како што рече, „ако е во функција на одбрана на својот интегритет, очекуваме и овој Закон да не го потпише бидејќи има сериозни уставни прекршувања“.

– Нема јавен интерес каде има вакви политички мудрости, сплеткарења. Во функција на јавниот интерес треба отворено, транспарентно да се излезе пред народот и да се каже зошто и како се поставени работите, а не вака од скратена по скратена постапка да се донесува закон во Собрание што е од многу важно значење за целата држава, рече претседателката на ДКСК.

Чувството во ДКСК што се гради во овој период, нагласи Ивановска, е дека борбата против корупцијата од страна на останатите чинители во општеството останува декларативна и селективна.

–  Нас тоа ни побудува чувство дека сме осамени во таа борба што сметам дека е многу лошо за нашата ситуација во државата, истакна Ивановска.

Во образложението на мислењето на ДКСК за овој закон, меѓу другото, стои дека се крши со Устав загарантираната слобода на пазарот и на претприемништвото и обврската на државата да обезбеди еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и во директна спротивност со обврската на државата да презема мерки против монополската положба и однесување на пазарот.

Ивановска, меѓу другото, посочи дека во законот постојат правни празнини кои оставаат отворен простор за субјективизам, арбитрарност, политичко влијание, тргување со моќ и дискреција при конституирањето на Комитетот за преговори, а на сметка на стручноста, компетентноста и професионализмот.

– Овој Комитет е клучниот фактор за утврдување на договорот со стратешкиот партнер и недозволиво е од аспект на одредбите на Законот за спречување корупција и судир на интереси да се остави таква недореченост, правна празнина во однос на составот, квалификациите и стручното портфолио на членовите, рече претседателката на ДКСК.

Законот што вчера го усвои Собранието, на предлог на група пратеници,  е  конкретна реализација на  Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола. Со него првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер,  за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа.

Со предложеното законско решенија се уредува проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 8 и проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 10 Д, како поединечни проекти за капитални инвестиции од стратешко национално значење за  државата.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ