• Latest

Украинскиот министер за надворешни работи, Кулеба, во ЦивилМедиа: Украина нема да прифати обиди за решение на сметка на националниот интерес

January 29, 2022
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ЦИТАТИ

Украинскиот министер за надворешни работи, Кулеба, во ЦивилМедиа: Украина нема да прифати обиди за решение на сметка на националниот интерес

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба во новата статија повикува на смиреност, но и решителност во однос на одбивање решенија на сметка на националниот интерес.

January 29, 2022 15:59
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЦИТАТИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа ја објави новата статија од министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба претходно објавена во угледниот украински портал NV.ua.

Кулеба во новата статија посочува дека Русија со своите постапки влева страв кај населението, и воедно уверува дека Украина е сосема спремна за евентуалниот предизвик со Русија.

„Вестите влеаја страв кај многу Украинци. За себе, роднините, постарите, децата, за иднината на државата. Раководството на Русија заслужува да биде казнето веќе затоа што ги натера Украинците да го преживуваат тоа чувство. Нам ни наметнуваат страв. Ние мора да одговориме со смиреност и издржливост.“, пишува Кулеба.

Според Кулева, Украина вложува напори во дипломатско решение на кризата, за што добива поддршка од голем број земји во светот.

„Украина има добро осмислена дипломатска стратегија за спротивставување на руската ескалација. Сега кружат тврдења дека Украина наводно го потценува нивото на закана. Но, токму ние во ноември инициравме развој на сеопфатен пакет за одвраќање на Русија, кој вклучуваше три нивоа на чекори: активна дипломатија, строги економски санкции против РФ и продлабочена одбранбена соработка со нашата држава. Сега на оваа тријада е додаден нов елемент – помош за зачувување на економската и финансиската стабилност на државата“ – со смирувачки, но решителен тон уверува украинскиот  министер за надворешни работи.

Кулеба во својата статија повикува на смиреност и разум, и ја искажува решеноста дека украинската влада нема да прифати обиди за решавање на кризата на сметка на националните интереси.

„Време е да се ослободиме од емоциите и да не дозволиме некој да не потресе одвнатре. Тоа ќе биде премногу скап подарок од Русија. Уште помалку ќе прифатиме какви било обиди за решавање на кризата на сметка на националните интереси на Украина.

Кој и да даде такви предлози ќе биде одбиен. Смиреноста и издржливоста се нашиот клуч за победа“ – порачува Кулеба.

Претходно, ЦивилМедиа ја објави статијата „Безбедноста на Украина е безбедност на Европа“ од Кулеба, објавена во францускиот Le Figaro на 17 јануари 2022.

Обединет фронт за одбрана на Украина

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ