• Latest

Дневен преглед за состојбата со Ковид-19 во светот

May 26, 2020
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Дневен преглед за состојбата со Ковид-19 во светот

May 26, 2020 20:16
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.637.367 лица. Од нив починале 349.290, а оздравеле 2.404.451.

– Во Србија во последните 24 часа нема смртни случаи како резултат на коронавирусот, објавенo е на веб-страницата на Министерството за здравство covid19.rs. Бројот на жртви од почетокот на епидемијата е 239. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 3.427 лица се тестирани за коронавирус, а вирусот е потврден кај 34 од нив.

– Откако во неделата, на 24 мај, првпат од 13 март, кога се појавија првите заразени од новиот коронавирус во Косово немаше ниту еден нов случај, вчерашните тестирања потврдија шестмина новозаразени, со што бројот на досега заболени од Ковид-19 достигна до 1.038. Институтот за јавно здравство на Косово, во својот последен извештај за состојбата со пандемијата, објави дека во земјата во понеделникот е извршено тестирање на 243 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на извршени тестови достигна до 13.505. Вчера се регистрирани и два нови случаи на лица кои се излекувани откако претходно резултирале позитивни на новиот вирус, со што бројката на лица кои ја пребродиле болеста достигна до 791. Вкупно досега во Косово починале 30 заболени од Ковид-19, со тоа што сите страдале од други хронични болести.

– Во последното деноноќие во Албанија, по неколкудневни едноцифрени бројки, регистрирани се
25 новозаразени со Ковид-19. Од нив 24 се во Тирана, од кои, пак, 15 се вработени во кол центар, каде пред два дена е регистран првиот позитивен случај. Оздравени се уште осум лица или вкупно 803, односно 78 отсто од вкупно дијагностицирани 1.029 лица. Во исто време, како последица од болеста почина 69- годишен пациент од Тирана, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 33. Активни на болеста се 193 лица, од нив болнички се лекуваат 17 пациенти, а тројца се на интензивна терапија.

– Во Грција денеска беа соопштени десет нови позитивни случаи на Ковид-19 и еден смртен случај. Вкупниот број на заразени се зголеми на 2.892 лица, а на починати на 173 лица. Хотел со бегалци и мигранти на Пелопонез од денеска е во карантин во следните 15 дена, откако беа потврдени три нови случаи на Ковид-19.

– Од направени 2.214 анализи, во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани само два нови случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 939 лица.

– Во Австрија продолжува да опаѓа бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19, но и бројот на активно болни. Во болниците во Австрија моментално има 127 пациенти заразени со новиот коронавирус, 12 помалку од вчера, од кои 32 се на интензивна нега. Бројот на активно заболени падна за 28, на 651, а бројот на починати се зголеми за двајца, на 643.

– Шпанската Влада денеска донесе одлука за 10-дневна жалост за починатите од Ковид-19, што е најдолгиот официјален период на жалост во последните 40 години. За време на деновите на жалост, што ќе започнат во среда, знамињата на повеќе од 14.000 институции и бродови ќе бидат на половина копје. Како што се наведува во владиното соопштение, кралот Филип ќе претседава со комеморацијата, откако земјата ќе излезе од карантинот воведен пред два и пол месеци.
Во Шпанија се пријавени 28.752 смртни случаи од коронавирус и 235.772 заразени.

– Велика Британија во моментов има највисока стапка на смртност од Ковид-19, која изминатата недела е повисока отколку во Франција и Италија заедно, пренесува Индипендент. Во последните 24 часа во Велика Британија уште 118 луѓе починале како последица на коронавирус, со што вкупниот број починати од почетокот на епидемијата изнесува 36.793 лица.

– На второ место во однос на стапката на смртност во последните седум дена е Шведска.

– Најголем број смртни случаи од Ковид-19 во светот е регистриран во САД – 99.805 лица.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ